containers-twitter-login

Во денешно време не е воопшто ретко да еден корисник има повеќе сметки на еден сервис, односно повеќе Twitter сметки, Facebook и слично. Ова е случајот од повеќе причини, од потреби за работа, па до криење на правиот идентитет во одреден ситуации.

Она што може да се каже дека е најголем проблем во ваквите ситуации е потребата од најавување со секоја сметка, а одјавување со претходно најавената. Ова иако не е ништо тешко и страшно, со тек на време станува досадна рутина која би било убаво да има начин како на мобилните апликации, да сметките останат најавени во позадина, па корисникот само со еден клик да ја промени.

Нова функција која е дел од Firefox Nightly верзиите, односно тие наменети за тестирање од страна на програмерите, ќе го реши токму погоре истакнатиот проблем. Корисниците ќе може да бидат во исто време најавени на повеќе сметки од истиот сервис, а нивното менување ќе вклучува едноставно вклучување на нов таб во прелистувачот.

Новата функција е наречена Containers и ќе функционира преку издвојување на одредени елементи од сурфањето во посебни делови, односно елементите кои се клучни при најавувањето на сметките како што се колачињата, indexeddb, localStorage и chache.

containers-tabs-stacked-1024x362

Посебните делови ќе бидат 4, односно корисниците ќе можат да изберат помеѓу приватен, деловен, дел за банкарство и дел за шопинг. Тоа со други зборови значи дека корисниците ќе може да се најават на 4 сметки од иста страна во исто време, се разбира без обврзување да се запазат имињата на деловите.

hamburger-containers-1024x405

Секој посебен дел, односно container ќе биде издвоен во посебен таб, па вклучување на нов дел ќе подразбира само отворање на нов таб. За таа цел ќе има посебно копче во менито во кое ќе се избира кој нов дел да биде отворен.

Извор: Mozilla, Ubergizmo, PCMag

Претходна статијаApple ќе го направи полесно користењето на iPhone со една рака со едноставен софтверски трик
Следна статијаYouTube воведува можност за пренос во живо преку нивната мобилна апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.