Од денеска достапна е најновата 57ма верзија од интернет прелистувачот Mozilla Firefox. Истата е наречена Quantum и е можеби најголемата промена во последните 10 години и повеќе. Оваа верзија исто така е верзијата на која треба да и дадете шанса доколку веќе одреден период го користите Chrome поради неговата брзина.

Главната промена во Firefox 57 која веднаш ќе ја забележите е брзината со која работи сега овој прелистувач. Firefox не само што конечно пак може да му конкурира на Google Chrome, може да се каже и дека работи подобро.

Според Mozilla, Firefox Quantum е до 2 пати побрз од постарите верзии од прелистувачот, а исто така користи многу помалку меморија за неговата работа, дури 30% помалку од Chrome.

Сето ова е резултат на конечното префрлување на новата веб технологија од страна на Mozilla, која е во целост изработена според најновите стандарди.

Покрај брзината на Firefox, веднаш ќе го забележите и новиот изглед. Прелистувачот ги има променето скоро сите елементи, почнувајќи од иконите, табовите, боите и слично.

Ново е и менито Firefox Library каде во едно место се ставени работи како Bookmarks, History, Downloads, Pocket и слично. Преку ова мени ќе може да се пристапи до сите овие делови, без потреба од нивно посебно поставување на лентата од прелистувачот.

Нова е и страната при отворање на нов таб. Истата е направена поефикасно да го искористи просторот, односно страните кои најчесто се пристапуваат се ставени во нешто помали квадрати, а исто така корисниците можат да изберат каква содржина ќе им биде прикажана во продолжение на таа страна.

Firefox 57 Quantum можете да го симнете преку следниот линк или да го надградите доколку веќе го имате инсталирано.

Претходна статијаFacebook Stories и Messenger Day се спојувааат во една синхринозирана платформа
Следна статијаSamsung Galaxy A5 пристигнува наскоро, ќе има издолжен дисплеј со мала рамка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.