firefox-25

Поминаа 6 недели од излегувањето на 24-тата верзија и тоа значи дека е време за наредната верзија на Firefox. Новата верзија е достапна на сите платформи, односно за Windows, Linux, OS X и Android. Во продолжение да погледнеме што е ново во 25-тата верзија на Firefox.

Desktop верзија

Ново

  • Поддршка за Web Audio
  • Find лентата не е веќе заедничка за сите табови. Ако ја отворите лентата во еден таб, истата нема да биде отворена во другите табови

firefox-25-find-bar

Променето

  • Ако со месеци го немате користено Firefox прелистувачот, при првото наредно вклучување ќе ви биде понудена можноста да ги преземете историјата и прилагодувањата од друг прелистувач
  • Ресетирањето на Firefox не ја брише сесијата на прелистувачот

Ако сакате да ја погледнете деталната листа на промени следете го следниот линк.

Мобилна верзија

Ново

  • Поддршка за Web Audio
  • Прелистување за Гостин функција која овозможува да отворите посебна сесија на Firefox во која нема да бидат прикажани вашите податоци од сурфањето како што се, историјата, лозинките или bookmarks. После исклучување на Гостинската сесија нивните податоци од сурфањето се бришат и вашата сесија е повторно достапна

firefox-25-android-guest

  • Блокирањето на мешана содржина која овозможува заштита при сурфање на https веб страни на кои што целата содржина не е сигурна.
  • Додатоците (Add-ons) може да додаваат индикатори на лентата за адреси

Деталната листа на промени за мобилната верзија можете да ја погледнете тука.

Претходна статијаViber за Windows Phone 8 со нова надградба
Следна статијаVolvo развива технологија за безжично полнење на електричните автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.