chrome-apps-1

Google продолжува со постепеното тргање на таканаречените Chrome Apps од овој познат прелистувач. Тоа што започна со тргањето на „стартувачот“ на овие апликации, односно App Launcher-от, ќе продолжи со целосно тргање на поддршката од Chrome до 2018 година.

Исто како што беше случајот со App Launcher-от, така и поддршката за апликациите ќе биде тргната од Google Chrome за Windows, Mac и Linux. Истите ќе продолжат да работат на Chrome OS, каде што и се можеби најмногу потребни.

Екстензиите, како и темите на Chrome ќе останат, односно тие ќе бидат единствените работи кои ќе можат да се симнат од Chrome Web Store, која ќе биде и редизајнирана со тек на време.

Инаку, Chrome апликациите доаѓаат во два формати. Hosted апликациите кои во главно функционираат од веб и packaged апликациите кои можат да се поврзат со ресурсите на компјутерот и со тоа да функционираат како локални апликации.

Причините поради кои овие апликации постепено ќе бидат тргнати од Chrome може во главно да се сумираат во две.

Едната е фактот дека многу мал број на корисници ги користат овие апликации, а причината за тоа се гледа и во втората причина за тргањето на поддршката.

Веб технологиите веќе имаат доволно напреднато, па веб апликациите ги нудат повеќето можности кои можеа да се добијат само преку Chrome апликациите. Една од најкорисните е можноста за добивање на известувања од веб, па корисниците можат да функционираат само со веб верзијата од саканиот сервис.

Тргањето на поддршката ќе иде етапно, па така до крајот на 2016 новите Chrome апликации нема да бидат достапни за корисниците на Windows, Mac и Linux, до втората половина на 2017 апликациите веќе нема ни да бидат прикажувани, а до 2018 истите веќе и нема да функционираат.

Извор: Chromium Blog, VB

Претходна статијаMotorola го обвини Samsung дека украле нивна функција, заборавајќи дека Nokia Lumia се првите телефони со неа
Следна статијаDDR5 рамот ќе пристигне во 2020 година, донесува голем скок во перформансите и капацитетот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.