chrome-logo

Најновата верзија 55 на веб пребарувачот Google Chrome претставува комплетирање на транзицијата од Flash на HTML5. Google уште од порано ја започна процедурата за оваа замена пуштајќи ја во употреба верзијата 53 – во која што беше блокиран Flash кога работеше во позадина и верзијата 54 на својот веб пребарувач – која доаѓаше со изменет код принудувајќи ги Flash плеерите за YouTube да се префрлат на HTML5.

Со најновата верзија на Chrome, HTML5 е стандарден за најголемиот број на веб сајтови, со исклучок на веб сајтовите кои се поддржани само од Flash платформата, вклучувајќи ги 10-те најдобри веб сајтови на интернет како што се Facebook, Amazon и  други. Кога за прв пат ќе отворите сајт кој сеуште користи Flash ќе бидете прашани дали би сакале истиот да го овозможите.

Google Chome 55 со помош на HTML5 носи со себе голем број на решенија и подобрувања како побрзо време на вчитување, подобрена безбедност поправајќи некои ранливости во одделот за безбедност, и најважното од се подобрени перформанси. Исто така со новото ажуриање додадено е и CSS автоматското разделување за подобрена визуелна прегледност на текстуалните блокови. Верзијата 55.0.2883.75 на веб пребарувачот за MacOS вклучува и 26 закрпи за решавање на багови и 10 други безбедносни решенија развиени од Google тимот. Chrome 55 e достапен за Windows, Маc и Linux.

Најновата верзија на Chrome за Аndroid би им овозможила на корисниците офлајн отварање на веб страни, слики и видеа. Ажурирањето како за Аndroid така и за iOS треба да биде достапно наскоро.

Извори: Google, MacRumors, Engadget

Претходна статијаВикендов се одржа завршниот дел од натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“
Следна статијаGalaxy Note 8 ќе пристигне во Август наредната година?