152957da640440888a68f3c38084d413-ed

Како голем фан на Sci-Fi франшизите, меѓу кои секако и “Star Trek”, една од првите работи на кои помислив кога слушнав за уредите за виртуелна реалност и нивните можности, беше да бидам капетан на мостот на еден од најпопуларните вселенски бродови, “Enterprise”. Желбата ќе биде делумно исполнета – во “Star Trek: Bridge Crew” ќе бидете капетан на бродот “Aegis”, но без грижи, бидејќи и ова е летало од класата на попознатиот брат.

Играта се одвива во универзумот кој го направи JJ Abrams, што значи оној новиот во кој е уништена планетата Вулкан. Во играта ќе се грижите токму за Вулканците и за нивното репопулирање, а за да управувате со бродот ќе треба константно да разговарате со останатите офицери на бродот и да давате наредби. Исто како во Star Trek филмовите.

Сѐ уште не може да се каже колку целото искуство ќе биде блиско до она филмското, но самото тоа што целосното опкружување ќе биде мостот на Star Trek вселенски брод, имаме право да бидеме исклучително возбудени, особено што “To Boldly Go Where No Man Has Gone Before…” цело време ќе ни одѕвонува во главата.

xyr0dlqnnxbljqeeoja4

А ако може да им се верува на реакциите на Џери Рајан, Ливар Бартон и Карл Урбан, кои глумеа во Star Trek серијалите, искуството би требало да биде многу приближно до она што ние го гледаме на малите екрани.

Ubisoft инаку ќе ја лансира играта за PC и PlayStation 4, односно за двата најпопуларни уреди за виртуелна реалност во моментов – HTC Vive и Oculus Rift. Играта треба да пристигне есенва, до кога и треба да имам(е) доволно време за да собереме средства за скапите уреди за виртуелна реалност. И секако, повеќе од доволно време за да ги повториме сите познати фрази кои и тоа како ќе биде забавно да се користат во играта.

Извор: Engadget, AP, Kotaku

Претходна статијаHTC лансира и „Бизнис Едиција“ на VR уредот Vive
Следна статијаGoogle објави видеа кои покажуваат како функционира проширената реалност со Tango