Upside Down е игра достапна на Android платформата која е едноставна, меѓутоа доста заразна и сигурно љубителите на вакви игри ќе им се допадне.

Целта на играта е да прескокнувате преку пречките кои се поставени на патот на човечето со кое играте. Она што ја прави поинтересна и потешка до некаде играте е тоа што пречките не можете секогаш да ги прескокнете на страната на која што сте поставени, па потребно е да го „превртите“ човечето обратно, па препреката да ја прескокнете на таа страна.

Се игра со притискање со палците на левата и десната страна од екранот, а со тоа го превртувате човечето од долната страна, односно скокате за да ги прескокнете препреките.

Едноставна игра која со тек на време станува се потешка, а вие треба да се потрудите на време да скокнете, а притоа на вистинската страна од патеката. Ова не секогаш е лесно, па може да не успеете на време да го поставите човечето каде што треба или да не стигнете на време да скокнете.

Upside Down слободно може да се каже дека е вид на игра која е наменета да се занимавате кога немате што да правите, односно е добра за „тепање“ време. Играњето на вакви игри исто така е одличен начин за одмарање на мозокот, а посебно доколку имате работа која доволно ви креира стрес.

Можете да ја симнете преку Play Store, односно преку следниот линк.

Симни ја Upside Down за Android

Претходна статијаSamsung Galaxy S8 ќе доаѓа во големини од 5,7 и 6,3 инчи и многу мала рамка?
Следна статијаSurface Phone ќе има свитлив дисплеј и ќе може да се претвори во таблет и лаптоп?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.