hatch-logo-emblem-and-wordmark-horizontal

На конференцијата за техника Slush во Хелсинки оваа недела компанијата Rovio ја претстави Hatch Entertainment, револуционерна социјална платформа за мобилни игри која би можела да донесе втор голем успех за компанијата после играта Angry Birds.

Претставниците на Hatch  укажуваат на фактот дека новиот сервис се’ уште се наоѓа во фаза на развој и ќе биде пуштен во употреба само кај одреден број на селектирани Android корисници во почетокот на наредната, 2017 година. Тоа ќе овозможи понатамошен развој, прочистување, привлекување на нови партнери и усвојување на точна цена за претплата на сервисот.

Иако Rovio е основач и развивач на овoј нов сервис, од компанијата сметаат дека истиот треба да делува комплетно независно за успешно да привлече голем број на развивачи на мобилни игри. На претставувњето исто така беа опишани функциите на Hatch, кој ќе го промени начинот на кој ги купувате и доживувате мобилните игри благодарение на комбинацијата од најдобрите страни на Twitch, Netflix, Spotify и Facebook.

hatch-ui-room-still

Aпликацијата ќе биде достапна само за Android корисниците кои наместо да ги симнуваат игрите во својот телефон, ќе можат да ги играат преку самата апликација. Од Hatch веруваат дека нивниот клауд систем e добро и цврсто изграден што ќе им овозможи на корисниците глатко и непречено играње без каснење помеѓу акцијата на играчот и реакцијата на онлајн серверот.

Апликацијата нуди можност да повикате некој од вашите пријатели да се приклучи во вашиот gameplay, што ја трансформира секоја игра од single-player во multi-player мод. Друга предност е можноста играчите да го stream-уваат, односно пренесуваат во живо својот gameplay за останатите пријатели на платформата да можат да го следат истовремено, опција слична на мегапопуларниот Twitch. Исто така вашето играње можете да го снимите, а потоа да го прикачите во вид на видео клип на било која социјална мрежа. Во апликацијата ќе биде вградена и категорија feed која ќе биде исполнета со инфромации за игрите кои вашите пријатели ги играле, и видеата кои ги споделиле од своето играње.

hatch-ui-gamedescription-still

Корисниците ќе можат да изберат помеѓу 100 игри од околу 40 партнери како, BANDAI NAMCO Entertainment America, TAITO Corporation, Ubisoft Mobile, ustwo Games и многу други. Од компанијата сеуште работат на голем број на битни детали, со сопствен фонд развиваат игри кои во целост би ја искористиле можоноста на платформата и се надеваат на уште поголем број на партнерства.

Eден од претпоставените во Hatch, Vesa Jutila кажува: “Ние веруваме дека Hatch ќе лансира социјална револуција во мобилното играње. Ние ќе ја вратиме забавата во видео игри”.

Извор: Hatch, VB

Претходна статијаWindows 10 Insider програмата паузирана поради радикални промени во начинот на надградување
Следна статијаLenovo Zuk Edge е телефон со минималистичка рамка и одлични карактеристики