508800-pokemon-go

Изгледа и ова беше очекувано да се случи, но можеби не толку брзо. Pokémon Go, можеби досега најпопуларната игра на мобилните платформи, по стигнувањето на првото место на сите споредбени табели, од овој месец драстично ги губи играчите.

Оваа информација доаѓа од неколку истражувачки компании, односно од Axiom Capital Management, Sensor Tower, SurveyMonkey, Apptopia и други.

Според нивните податоци, играта има помал број на дневни активни корисници, помала бројка на вклученост на играчите, број на симнувања, како и време поминато играјќи.

Кога ќе се земе во предвид брзиот успех кој го направи оваа игра, не е воопшто чудно што сега доаѓа до намалување на популарност. Во споредба со минатиот месец кога имало и до 45 милиони активни корисници во текот на еден ден, овој месец таа бројка изнесува до 30 милиони.

Се разбира, ова не значи дека играта пропаѓа. Сегашната популарност е исто така голема, па останува да се види какви ќе бидат бројките на подолгорочен план.

-1x-1

-1x-2

Голем придонес за огромниот и брз успех на играта секако имаше фактот што таа е во категоријата на игри со изменета реалност. Корисниците за да играат мора да се движат, па ова сигурно го привлече вниманието на многумина. Самата популарност сигурно има привлечено огромен број на играчи кои сакале да проверат за што се работи.

Кога ќе се земе сето ова во предвид, очекувано е да одреден процент од овие играчи го изгубат интересот, па играта да се стабилизира на некоја помала бројка на играчи, а која ќе биде таа ќе видиме со тек на време.

Дополнителни фактори кои може исто така да имаат влијаено на падот на популарност се информациите за пад на серверот на играта и слични работи кои прават проблем при играњето.

Извор: Bloomberg, The Verge, Digital Trends

Претходна статијаPinterest го купи Instapaper сервисот за зачувување на линкови
Следна статијаКако да го контролирате вашиот Windows 10 компјутер или телефон преку “Connect” апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.