Една од најпопуларните мобилни игри годинава Pokémon Go, беше најавено дека ќе биде достапна и за Apple Watch, како единствен паметен часовник на кој ќе може да се игра. Играта е конечно достапна дури три месеци после најавата и кога фамата за играта веќе спласна и корисниците веќе не трошат неколку часови дневно на неа.

Згора на тоа, верзијата за Apple Watch е прилично ограничена, што беше и очекувано, бидејќи часовникот нема многу од можностите што ги имаат паметните телефони. Сепак, она што таа го нуди на овој часовник е веројатно доволно за помалку да треба да гледате во вашиот паметен телефон и да ја трошите неговата батерија.

Оваа апликација повеќе е придружна на играта која ќе ја имате инсталирано на вашиот телефон. Така, оваа апликација ќе може да ви каже кога има покемон во близина, односно дали сте во близина на Pokéstop или пак вашите јајца се испилиле (пардон, испокемониле). Таа може и да ги брои вашите чекори што е важно за снесување Pokémon eEggs и што ќе помогне во добивањето Candy, а ќе може и да ви покаже кога ќе добиете медал.

Сепак, за да фатите Pokémon, ќе мора да го извадите вашиот телефон од џебот, бидејќи Apple Watch нема камера која би можела да го прикаже просторот одоколу. И нормално, за воопшто да можете да ја играте Pokémon Go на вашиот Apple Watch, ќе мора да имате iPhone, бидејќи тој не може да функционира со Android телефони.

Извор: Daily Dot, Pocket-Lint, Tech Times

Претходна статијаLG Stylus 3 е достапен смартфон со 5,7 инчен дисплеј и Android 7.0 Nougat
Следна статијаОтсега Raspberry Pixel оперативниот систем може да се инсталира на Windows и Mac