Новото API за компјутерските игри на Microsoft, DirectX 12, досега ги фаворизираше графичките на AMD, кои со него покажуваа многу подобри резултати во игрите отколку со DirectX 11. Картичките на Nvidia пак постигнуваа послаби резултати со DirectX 12, иако според Microsoft ова API треба да овозможи големи подобрувања во однос на својот претходник. Истото важи и за се повеќе популарното API Vulcan.

На крај се покажа дека „проблемот“ бил во драјверите на Nvidia и како тој функционира со новото API на Microsoft. Преку подобрување на кодот во нивниот нов “Game Ready Driver”, тие успеале да постигнат огромни подобрувања во перформансите во новите игри кои работат на DirectX 12. Во просек, подобрувањата се 16%, но поновите игри одат и преку 30%, што е одлична најава за иднината, кога и самите дивелопери на игрите ќе ги оптимизираат за новото API на Microsoft.

Како пример, еве неколку популарни наслови кои обично се користат како бенчмаркови за мерење на моќта на една графичка картичка:

•    Ashes of the Singularity – 9%
•    Gears of War 4 – 10%
•    Hitman – 23%
•    Rise of the Tomb Raider – 33%
•    Tom Clancy’s The Division – 4%

Подобрувањата сепак ќе може да ги почувствуваат само сопствениците на DirectX 12 графичка картичка, односно Nvidia графичките од серијата „9“, како GTX 950-980 Ti и серијата 10, односно 1050-1080 Ti. Во листата на поддржани графички картички спаѓаат и најмоќните Titan X.

DirectX 12 и Vulcan се инаку нова API-ја, кои треба да овозможат многу подобра и подиректна комуникација меѓу играта и графичката картичка. Затоа, за голем дел во оптимизирањето на перформансите ќе бидат одговорни и самите производители на графичките чипови, преку интервенирање во нивните драјвери.

Извор: PC World, Kitguru, Tech Report

Претходна статијаРаботилница “Инклузивен ИТ сектор во Македонија”
Следна статијаSamsung ќе ја испитува батеријата на Galaxy S8 во 8 чекори