GTA-V-PS3Bundle_4

Rockstar обзнани дека Grand Theft Auto 5 ќе биде достапна за новите конзоли на Playstation и Xbox на 18 ноември додека компјутерските гејмери ќе мораат да почекаат дури до 27 јануари.

Сепак она што го ветуваат од компанијата е своевидна компензација со GTA 5 за PC која ќе има доста новитети. Покрај ова, играта ќе биде подобрена со нови визуелни и технички надградби што ќе го направат Los Santos да изгледа уште поимпресивен.

Исто така ќе има нови аквитности, оружја, возила, дивеч како и подобрени ефекти кога станува збор за временските услови. Од Rockstar ветуваат дека ќе има и погуст сообраќај, како и 100 нови песни и миксови од диџеи распоредени по одличните радиостаници на GTA што го прават искуството двојно поинтересно.

2495237-140314_gtao472_dr1-(30)

Секако има по нешто и за играчите што се на Playstation 3 и Xbox 360 вклучувајќи и класици меѓу автомобилите. Уште еден новитет е тоа што играчите на овие постари конзоли доколку се решат за понова верзија на конзола ќе можат да го префрлат снимениот напредок во играта директно на PS4, Xbox One па дури и на PC. Оние играчи што ќе ја нарачаат играат пред да се се појави ќе добијат 1,000,000 долари за трошење во GTA 5 и GTA Online.

Извор: WPCentral, Rockstar

Претходна статијаТелефоните од иницијативата Android One се појавија на пазарот во Индија
Следна статијаПроекторот Epson Pro Cinema LS10000 со ласери ветува искуство во 4К