После долго време од првичната најава, Viber на почетокот од минатиот месец ја претстави својата Windows 10 универзална апликација, достапна за десктоп и мобилните уреди. Истата беше достапна во бета верзија, што значеше дека уште неколку работи се останати за досредување.
Од оваа недела, Viber за Windows 10 е официјално достапен, односно веќе не ја носи бета ознаката. Апликацијата покрај подобрување на перформансите и исправка на откриените багови, ги вклучува следните новини кои не беа достапни во бета верзија:
- Видео повици од мобилната верзија
- Можност за одговарање на пораките директно од известувањето, односно од лентата за известувања
- Можност за лајкување на пораките во групните пораки
- Можност за споделување на работи во Viber
- Поддршка за Cortana
Исто така, она што ние го забележавме е дека на десктоп верзијата направена е една мала промена, која нас ни пречеше. Лентата за стикери сега може да се сокрие по избор на корисникот, без разлика на големината на прозорот.
Viber за Windows 10 е достапна во Windows Store и можете да ја симнете преку следниот линк.
Извор: Viber