transmission-windows-1

Transmission е бесплатен торент клиент достапен за корисниците на Linux и OS X од 2005 година. Тој е можеби најпопуларниот торент клиент на овие платформи, а голем број од Linux дистрибуциите го вклучуваат заедно со оперативниот систем.

Популарноста на Transmission доаѓа од фактот што е со отворен код, развиван од заедница на програмери кои го имаат направено да биде навистина едноставен и основен клиент направен да ја врши работата за којашто е наменет и ништо повеќе.

Тоа го прави доста популарен за корисниците кои сметаат дека uTorrent е станат многу покомплициран од својата почетна верзија, па не ретко се бараат алтернативи.

Transmission конечно е достапен за корисниците на Windows, нешто што може слободно да се каже беше чудно што не беше случајот до сега. Бројот на корисници на Windows е значително поголем, па се очекува оваа програма да стана брзо една од најпопуларните од овој вид.

Програмата на Windows е иста како и на другите платформи, а ги вклучува и сите функции достапни за другите корисници. Се најавува дека со тек на време можно е вклучување на дополнителни функции кои ќе бидат карактеристични и достапни само на Windows.

Првата верзија од Transmission за Windows не е се’ уште поставена на главната страна од проектот, па доколку сакате да ја симнете ќе треба да одите на директориумот од страната, односно на следниот линк.

Фајловите за Windows можете да ги најдете најдолу на листата, а достапни се 32 и 64 битни верзии.

Transmission стана познат изминатиот период и поради пропустот којшто овозможи вметнување на малициозен софтвер во нивниот фајл за OS X. Тоа придонесе да за првпат се појави целосно функционален ransomware за оваа платформа, па беше интересно да се прочита нешто повеќе. Новите верзии од програмата се исправени, па се препорачува корисниците на било која платформа да ја користат 2.92 верзијата на програмата.

Извор: TorrentFreak, TNW, gHacks

Претходна статијаFacebook Messenger ќе има тајни разговори и можност за купување производи?
Следна статијаВо четврток во “Стоби“ ќе се одржи новото издание на Бизнис кафе Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.