uwp-murphy

За оние кои користат Skype и кои сакаат побрзо и помодерно искуство, а имаат Windows 10 Insider верзија на својот компјутер или паметен телефон, кликнете на следниов линк да ја симнете Preview верзијата на модерната универзална апликација.

Се работи за целосно нов Skype кој ќе ги замени сите досегашни верзии – и старата од Windows Store за 8.1 и стандардната Skype програма. Дизајнот е целосно нов, многу помодерен со можност за избор и на темна тема која изгледа особено добро, а и скоро сите можности се тука – од чет и групни видео повици, до чет ботови и преводи во живо и на текстуални пораки и на видео повици.

skype-w10m-screens

Бидејќи се работи за универзална апликација, искуството ќе биде многу слично и на телефон и на компјутер, што значи дека доколку го приклучите Windows 10 Mobile смартфонот на поголем дисплеј, ќе ја добиете целосната „десктоп“ верзија, иста како што ќе ја имате на вашиот компјутер.

Најголемата и најдолго очекувана функционалност е можноста Skype целосно да ги „преземе“ SMS пораките од стандардната Messaging апликација во Windows 10 Mobile. На овој начин, корисниците кои имаат и смартфон и компјутер со Windows 10, ќе можат да праќаат и примаат SMS пораки и од својот компјутер.

skype-preview-w10m-5

Можноста за SMS нема да биде достапна веднаш, но тоа би требало да се случи многу брзо по големата надградба за Windows 10 закажана за 2 август. Подоцна, оваа можност ќе биде достапна и за Android и iOS корисниците, доколку се одлучат да го користат Skype како SMS решение, што е навистина одличен потег од страна на Microsoft.

Бидејќи веќе ја имам пробано како Preview верзија новата Skype апликација, топло ја препорачувам – многу е побрза и полесна од стандардниот Skype и подобро одговара на модерниот изглед на Windows 10.

Извор: Skype, Windows Central, Venture Beat, Thurrott

Фото: Windows Central

Претходна статијаАвион кој ќе може да лета во и надвор од атмосферата…
Следна статијаРош го одржа првиот балкански едукативен настан за грижа за здравјето