skype-mojis

Skype оваа недела претстави нова можност, за како што тие велат, подобро изразување на себеси во разговорите. За разлика од добро познатите emoji икони, како и стикерите достапни во апликациите како Viber и Messenger, Skype ги воведе таканаречените Mojis.

Mojis се кратки клипови, поточно отсечоци од познати филмови и серии. За оваа цел остварена е соработка со неколку студија, а се очекува проширување на соработките, а со тоа и изборот на нови Mojis.

Студијата со кои што е направена соработка ги вклучува Universal Studios, Disney Muppets и BBC, преку кои што се достапни кратките клипови од Despicable Me, Bridesmaids, Pitch Perfect, Jurassic Park, Doctor Who, Muppets и повеќе.

Новите Mojis може да се најдат со притискање на иконата за смајлија во пораките, а корисниците имаат можност да ги пребаруваат по различните студија. Исто така, пред нивното испраќање корисниците може да ги прегледаат за да бидат сигурни дека тоа е тоа што би сакале да го испратат.

При добивање на Moji, односно по неговото прегледување, станува достапен линк кој што води до страна каде што може да се види од каде е изваден клипот, како и можност за негово изнајмување, што значи ова претставува и еден начин за промоција на филмовите и сериите од студијата.

Mojis поддршката е додадена на сите платформи, освен на Windows Phone и Linux, односно може да се испраќаат и добиваат преку Windows и Mac, како и мобилните апликации на Android и iOS.

Поддршката за Windows Phone е најавена за подоцна, па најверојатно се чека на официјалното излегување на Windows 10 за мобилните, како и интегрираната Skype апликација за оваа платформа.

Извор: Skype

Претходна статијаQualcomm ги претстави Snapdragon 617 и 430 мобилните чипови
Следна статијаRestricta е апарат што нема да ви дозволи да го фотографирате она што сите го фотографираат!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.