skype web 2

Доколку сте активен корисник на Skype преку десктоп и ја имате инсталирано најновата Windows верзија (7.17.0.105), сигурно изминатиот период имате забележано дека разговорите не се прикажуваат како што треба.

Симптомите кои што се појавуваат вклучуваат измешување на разговорите, односно прикажување на одредена реченица од испраќачот после вашата, иако вашата е понова. Истото се случува додека го користите Skype, односно можете да го забележите поместувањето и измешувањето додека пишувате.

Да не мислите, како нас, дека ова е проблем само на вашиот компјутер, сепак се работи за баг кој што ја погодува само оваа верзија од Skype за Windows десктоп. Информацијата доаѓа од официјален одговор на поставено прашање на корисник на форумот на Skype.

Одговорот истакнува дека се работи за баг за кој што се свесни од компанијата и веќе работат на решение. Додека биде решен проблемот, доколку ви смета, единствено решение е да ја инсталирате претходната верзија од Skype кој што можете да ја симнете преку следниот линк.

Skype за Windows 7.17.0.104

Доколку проблемот од багот не е нешто што сериозно ви го нарушува корисничкото искуство, можете да почекате додека биде издадена новата исправена верзија.

Извор: Skype Blog, Windows Central, Thurrot

Претходна статијаИскористете ја шансата и заштедете – Уште 2 дена од neoCloud новогодишната промоција
Следна статијаКритична маса #44: Среќна Нова, херои на Скопје!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.