За повеќето луѓе отстранувањето на инсталираните програми од компјутерот е доволно користењето на Add/Remove Programs или Programs and Features во контролниот панел на Windows оперативниот систем. Додека нема ништо лошо во тоа, понапредните корисници сметаат дека оваа алатка на Windows нема доволно можности, а и не работи доволно брзо.

Меѓутоа тоа не е единствениот недостаток на користењето на оваа алатка. Отстранувањето на програмите само преку користење на оваа алатка остава одредена количина на остатоци од програмата. Иако ова не е секогаш проблем и можете да го користите вашиот компјутер без ништо посебно да забележите, сепак во одредени ситуации може да преставува проблем. Остатоците на програмите може да направат проблем при повторно инсталирање на програмата, посебно ако сте ја отстраниле поради веќе настанат проблем. Исто така во одредени ситуации, посебно после поголем број на отстранети програми, можно е да дојде и до одредено успорување на работата на компјутерот.

Програмата што ќе ви ја преставиме во оваа статија е наменета токму за избегнување на овие потенцијални проблеми.

Revo Uninstaller Pro е програма во основа наменета да ја замени алатката вградена во Windows оперативниот систем и отстранувањето на програмите да го извршувате преку оваа програма. Има едноставен кориснички интерфејс и е лесна за користење. Покрај основната функција на отстранување на инсталираните програми и нивните остатоци, Revo Uninstaller Pro ги има и следните функции:

  • Принудно бришење
  • Брзо бришење и бришење на повеќе програми одеднаш
  • Монитор при инсталирање на програми
  • Зачувување (backup) на избришаните остатоци
  • Бришење на непотребни фајлови
  • Windows алатки
  • Менаџер на програмите што автоматски се стартуваат со оперативниот систем (Startup manager)
  • Чистач на веб прелистувачи
  • Чистач на Office програмите
  • Бришење на фајлови без можност да бидат повторно вратени

Како да отстраните програма со Revo Uninstaller Pro

Ќе ви го преставиме наједноставниот начин на користење на програмата, односно отстранување на програми кои што не биле мониторирани при нивното инсталирање. Ова е начин кои што повеќето од вас би го користеле, а и сметам дека е доволно за задоволителни резултати. Програмата автоматски врши зачувување на избришаните остатоци, па доколку избришете нешто по грешка можете да ги вратите податоците.

All_Programs_Icons

Откако ќе ја вклучите програмата ќе видите листа на инсталирани програми. Изберете ја програмата што сакате да ја отстраните и со десен клик на глувчето изберете Uninstall или два пати кликнете на истата. Со тоа ќе се појави нов прозорец кои што понатаму ќе ви биде потребен. Автоматски со кликањето се покренува и вградениот отстранувач на самата програма. Ќе ја отстраните програмата како што тоа го имате правено и до сега. По завршување на процесот и кога програмата е избришана доаѓа на ред Revo Uninstaller Pro. Прозорецот што предмалку се отвори сега ви дава избор да скенирате за остатоци. Ви препорачуваме да го користите Moderate начинот на скенирање. Сепак е подобро да остане нешто, отколку да избришете и нешто што не треба. Кликате Scan, програмата ќе изврши скенирање за остатоци и истите ќе ви ги покаже во листа како резултат. Тука избирате кои од податоците сакате да ги отстраните, а бидејќи избравте доволно сигурен степен на скенирање, слободно можете да ги отстраните сите најдени остатоци. Со тоа е завршен процесот на отстранување на програмата и при тоа не се останати или многу малку остатоци кои што понатаму можат да преставуваат потенцијален проблем.

Друг понапреден начин на користење на Revo Uninstaller Pro е да ја користите можноста за „следење“ на програмата при самото инсталирање на истата. Во овој случај Revo Uninstaller Pro врши целосно следење на промените што ги прави програмата при инсталирање и кога ќе решите да ја отстраните, Revo ги отстранува сите можни работи што програмата ги има инсталирано на вашиот компјутер. За да го користите овој начин се што треба да направите е да кликнете на Install Programs копчето пред да ја инсталирате програмата што сакате и истата да ја инсталирате преку Revo Uninstaller Pro. Само следете го едноставното упатство при инсталација. Доколку сакате да отстраните некоја од следените програми, кликнете на Traced Programs и од таму кликнете Uninstall.

Revo Uninstaller Pro чини 1.800 денари за неограничено користење и надградби на тековната верзија. Покрај Pro верзија Revo има и бесплатна верзија. Разликата е во тоа што оваа верзија ја има само основната функција на отстранување на веќе инсталирани програми, а и скенерот за остатоци работи нешто послабо. Отстранувањето на инсталиране програма со бесплтаната верзија е исто како и во Pro верзија. Меѓутоа сепак и бесплатната верзија вреди да се користи, отколку само вградената алатка на Windows.

Претходна статијаВеб прелистувачот Firefox надграден на верзија 23
Следна статијаПрилагодувања за приватност на Facebook објаснети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.