onedrive-100670196-gallery

Клауд решението на Microsoft е сигурно едно од најдобрите во моментов, бидејќи ги поврзува сите нивни сервиси со Windows 10 оперативниот систем. Сепак, самата апликација (програма) задолжена за синхронизирање на датотеките од „облакот“ во Windows 10, во моментов може да ги прикажува само датотеките кои корисникот ги има избрано да се синхронизираат во File Explorer, но не и останатите датотеки кои тој ги има во облакот.

Ова решение е направено со цел корисникот да има контрола врз тоа колку од неговиот простор на дискот е искористен за OneDrive датотеките, бидејќи тие знаат да одземаат многу простор, особено за корисниците кои плаќаат за повеќе простор на облакот или пак имаат Office 365 претплата, која нуди простор од 1 TB.

Сепак, новата верзија на OneDrive може да ги синхронизира датотеките само доколку е потребно. Поточно, оваа верзија константно ќе ги прикажува сите најнови датотеки во вашиот File Explorer, без тие да одземаат воопшто место во компјутерот и единствено ќе ги симне и впише на дискот доколку ги отворите.

За многумина ова ќе биде преферирано, бидејќи не само што корисникот ќе има пристап до сите датотеки и фолдери одеднаш, туку ќе може да  заштеди на драгоцениот простор на малите SSD дискови во новите лаптопи и таблет/лаптопи.

Оваа можност во OneDrive веројатно ќе пристигне во Redstone 2 надградбата за Windows 10, која треба да пристигне на почетокот од наредната година и со себе да донесе уште неколку поголеми подобрувања и функционалности.

Извор: PC World, Digital Trends, MS Power User

Претходна статијаНаучници најдоа начин да праќаат лозинки преку вашето тело
Следна статијаClaxi прогласен за добитник на WITSA награда за ИКТ решение на Светскиот ИТ Конгрес 2016 во Бразил