1502466_257295207807680_1105328235585592473_o

Можеби ќе ви дојде чудно дека оваа порано позната програма за разговарање со пријателите се’ уште постои. Сепак од минатата година сите корисниците мораа да се префрлат на Skype, каде што беше префрлена и нивната листа со контакти, односно Skype беше направен да работи и со вашите стари MSN контакти. Тие контакти уште се означени со Messenger ознаката под нивното име, па можете да ги распознаете од вашите Skype контакти.

MSN Messenger, односно Windows Live Messenger како што беше подоцна наречена оваа програма, минатата година кога за сите корисници престана да функционира, остана да работи за кинеските корисници. Популарноста на Messenger во Кина била доволно голема, за да од Microsoft одлучат само таму да не ја прекинат можноста за користење. Сепак, беше очекувано дека и тоа нема да трае многу подолго, па оваа недела корисниците почнале да добиваат email пораки во кои што стои дека сервисот ќе биде целосно прекинат до 31-ви Октомври. Корисниците, исто како и другите минатата година, ќе можат да продолжат да комуницираат со истите контакти преку Skype. Сепак денес постојат доста нови и популарни решенија, па од Microsoft со цел да ги мотивираат корисниците да продолжат со користење на Skype, наместо некое од нив, им нуди по 2 долари во кредит за разговори.

Дали некој од вас го користите Skype за да разговарате со вашите стари MSN контакти ?

Извор: The Verge, Engadget, TechNode

Претходна статијаNokia HERE Maps ќе бидат ексклузивно достапни на Samsung Galaxy телефоните
Следна статијаGoogle го претстави Project Wing, вклучува развој на дронови за достава на пратки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.