Денес на нашите телефони имаме достапни многу апликации кои можат да се користат како потсетници, но и за правење на најразлични листи за тоа што треба да направиме во текот на денот. Една од најдобрите вакви апликации беше Wunderlist, која беше купена од страна на Microsoft и сега е заменета со Microsoft To-Do.

Апликацијата има прилично стандардни можности, но одлична агрегација. Така, таа може да се подели на најразличен тип на листи, како на пример за шопинг, за работа, за фамилијата, за дома итн. Сето ова е придружено и со читливи “emoji” икони, кои го освежуваат визуелниот печат.

Microsoft To-Do има и неколку различни функционалности од тие на големиот број на други вакви апликации, како на пример одличната My Day, која отвора нова листа секој ден. На некој начин, ова Ве тера да ги исполните сите обврски од претходниот.

Нормално, како и секој Microsoft производ и To-Do има интеграција со Office 365, Outlook и OneDrive, а сите податоци се зачувуваат на облакот. Ова е многу важно, бидејќи таа е достапна за сите поголеми платформи – Android, iOS и Windows 10.

Корисниците кои досега го користеа Wunderlist исто така ќе може лесно да ги префрлат сите листи во To-Do, а од Microsoft ветуваат дека многу функционалности на таа апликација ќе го најдат местото во To-Do, како на пример можноста да ги споделите листите.

Извор: Office Blog, The Verge, Tech Crunch

Претходна статијаFacebook убедливо доминантен сопственик на најбараните апликации
Следна статијаLG ќе произведува заоблени P-OLED дисплеи за смартфони и таблети