paintpaint-copy

Во времето кога софтвер за Windows не беше широко достапен на интернет (95’, 98’, XP), првото нешто што го правевме кога ќе седневме на компјутерот е да цртаме на Paint или пак да играме Solitaire и Minesweeper.

Сепак, денес Paint е скоро подзаборавен – некои корисници дури и не знаат дека постои во Windows. Ова наскоро ќе се смени – Microsoft спрема нова, многу подобра верзија на Paint, која според тоа што го нуди ќе конкурира на многу платени софтвери за цртање.

Најголем новитет во новиот Paint ќе биде можноста за цртање на 3D објекти, што е огромен чекор напред за античкиот програм. Ова може да се покажекако особено корисно за корисниците на HoloLens, кои многу лесно би можеле да управуваат со 3D објектите, директно во нивната околина.

Paint ќе овозможи и цртање со дигитално пенкалце и сигурен сум дека особено добро ќе работи со поновите таблет/лаптопи кои имаат вградено пенкалце за цртање, како на пример Surface Pro 4 и/или Surface Book.

Апликацијата веројатно ќе биде објавена на Windows Store набрзо по претставувањето на новите хардверски уреди на Microsoft во ЊуЈорк, кој ќе се одржи на 26 октомври.

Всушност, софтверскиот гигант на овој настан сигурно ќе претстави хардверски уреди кои ќе работат одлично со Paint апликацијата, а први на памет паѓаат „се во едно“ Surface компјутерите, кои најверојатно ќе биде насочени токму кон уметниците и креаторите.

Во иднина, Paint апликацијата би била и одличен придружник на евентуалниот Surface Phone, кој според сите информации треба да биде претставен наредната година. Моментално и нема многу моќни апликации за цртање за паметните телефони и ова би можел да биде факторот по кој овој телефон ќе се разликува од Android и iOS конкуренцијата.

Извор: The Verge, MS Power User, Gizmodo

Претходна статијаОбјавени се 33-те отворени работни позиции и 13-те компании учеснички на првиот CareerLaunch
Следна статијаSharp претстави концепт телефон без рамка околу дисплејот и со заоблени агли