Деновите на Flash содржините на интернет мрежата се веќе одбројани и само прашање на време е кога и последната веб страна ќе се префрли целосно на HTML 5 за мултимедијалните содржини. Крајот на Flash почнаа да го означуваат и интернет прелистувачите – после Chrome и Microsoft Edge ќе блокира такви содржини, но ќе му овозможи на корисникот да ги вклучи доколку има потреба од тоа.

Всушност, доколку некоја веб страна има Flash содржина, Edge ќе ве предупреди дека е така и ќе ве праша дали сакате да ја активирате, со опции за „само еднаш“ и „засекогаш за таа веб страна“. Ова е веројатно и најдобриот и најлесен начин за да се предупреди корисникот, но да му се даде опција за да избере. Имено, Flash можеби веќе го нема на поголемите веб сајтови, освен за некои реклами, но се уште е многу употребуван за веб сајтовите за играње онлајн игри.

Но, зошто воопшто прелистувачите го блокираат Flash од веб сајтовите? Овој начин на прикажување на мултимедијални содржини е многу помалку безбеден отколку HTML 5, а е особено одговорен за голема потрошувачка на енергија, односно во превод го намалува траењето на батеријата со едно полнење.

Но, самото тоа што Flash и понатаму се користи значи и дека Microsoft нема веднаш целосно да ги забрани сите можности за таквите содржини да се прикажат на нивниот прелистувач Edge. Тие велат дека транзицијата од Flash кон HTML 5 ќе оди постапно, во неколку чекори. Во почеток, на многу сајтови Flash ќе биде и натаму автоматски достапен (без интервенција од корисникот), но понатаму корисникот ќе треба сето тоа мануелно да го избере, како што кажав погоре.

Слични вакви промени најави и Google за својот Chrome прелистувач, а наскоро верувам дека ќе ги имаат и останатите прелистувачи, како на пример Safari, Opera и Mozilla Firefox.

Извор: PC World, ZDNet, ARS Technica

Претходна статијаLucid Air – електричен автомобил со 1.000 коњски сили
Следна статијаДрастично подобрете ја вашата онлајн приватност (втор дел)