Malwarebytes е едно од најпознатите безбедносни решенија кое корисниците го користат паралелно со нивните актуелни антивирус решенија, како еден вид на додатен слој за заштита. Од компанијата свесни за оваа ситуација, своите производи ги прават компатибилни да функционираат без разлика дали корисникот има инсталирано антивирусна програма, нешто што обично не е можно да се комбинира.

Како дел од понудата од компанијата беа достапни неколку решенија, односно познатото Malwarebytes Anti-Malware, Anti-Exploit, како и новото досега во бета Anti-Ransomware решение.

Malwarebytes Anti-Malware можеше да се користи и бесплатно добивајќи го само скенерот за малициозен софтвер, меѓутоа не и заштитата во вистинско време.

Сите овие посебни производи сега се интегрирани во едно решение, новото Malwarebytes 3.0, кое исто така ја задржува популарната бесплатна верзија.

Цената на Malwarebytes 3.0 изнесува 39.99 долари годишно за еден компјутер, што е повеќе од поединечните цени на досегашните решенија, но сега се добиваат сите во едно решение, со што цената станува пониска, барем за тие кои имаат платено за две решенија.

Новата програма очекувано има и нов дизајн којшто во основа ги задржува истите функционалности во едно ново, поедноставно и освежено опкружување.

Malwarebytes 3.0 може да се користи паралелно со други безбедносни решенија, но од компанијата истакнуваат дека за тоа нема потреба. Malwarebytes 3.0 е доволно како решение за заштита на компјутерот, а за тоа се грижи технологијата помогната од облакот, меѓутоа ова сепак не е нешто што го немаат интегрирано повеќето конкуренти.

Програмата можете да ја симнете преку следниот линк.

Извор: Malwarebytes, gHacks

Претходна статијаЕУ го одобри договорот за купување на LinkedIn од страна на Microsoft
Следна статијаGalaxy S8 нема да има рамка околу дисплејот?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.