LibreOffice_logo.svg

LibreOffice е една од најпознатите алтернативи на Microsoft Office пакетот на програми. Може слободно да се каже дека корисниците кои што не го користат Office пакетот од Microsoft, го користат LibreOffice.

Поради тоа што се работи за open source проект, програмите кои што доаѓаат во LibreOffice пакетот не се наплаќаат, а корисниците имаат можност да донираат одредена сум на пари доколку сакаат да го подржат развојот на проектот. Развојот на проектот се прави од страна на The Document Foundation од 2010 година, на основа на OpenOffice пакетот кој што стана сопственост на Oracle, па на одредена група на програмери не им се допаѓаше правецот во кој што оди развојот.

LibreOffice покрај тоа што е полн со функции, познат е и по задржувањето на стандардниот изглед на менијата, нешто што Microsoft го замени во своите програми со познатата лента од 2007 година. За одредени корисници тоа е причина повеќе за да се решат да го користат бесплатниот пакет.

Од оваа недела достапна е нова верзија од LibreOffice која што го носи бројот 4.4. Според Jan “Kendy” Holesovsky, лидерот на тимот задолжен за дизајн, оваа верзија е една од најубавите верзии на LibreOffice до сега.

Во новата верзија променети и изменети се повеќе делови од корисничкиот интерфејс со што е направен пофункционален и попрактичен за користење. Се разбира основниот изглед е задржан, па корисниците не треба да се навикнуваат на нов начин на работа.

Промени се направени во горните менија, контекст менијата, лентите и повеќе и со тоа се направени повеќе корисни, како што истакнуваат од LibreOffice. Исто така, Sifr темата која што го менува изгледот на иконите и менијата е ставена како стандардна на OS X, со што се добива многу поголема сличност со стилот на оперативниот систем. Променети се локациите на одредени менија, организирани се во drop down менија и слично.

Покрај промените во корисничкиот интерфејс, 4.4 верзијата доаѓа и со следните промени:

  • Поддршка за OpenGL транзиции за презентациите на Windows
  • Дигитално потпишување на PDF документи
  • Подобра поддршка за отворање на OOXML фајлови од Microsoft Office со додавање на нови фонтови кои што се слични на тие што се користат во Office
  • Нови темплејти за документи
  • Подобрување на следењето на промени во документите преку Track Changes функцијата
  • Cut, Copy и Paste додадена на врвот од десен клик менито

Листата на новости е голема, а доколку сакате да ја погледнете целата, истата е достапна преку следниот линк.

tdf-libreoffice44info

Покрај овие промени, The Document Foundation работи на подобрување на перформансите на програмите преку чистење на кодот од багови, како и непотребни делови. Се работи за проект со отворен код започнат одамна, па истиот има доста простор за средување.

Извор: LibreOffice, PCWorld, ZDNet

Претходна статијаНаучниците најдоа начин како да одварат (белка од) јајце
Следна статијаNASA Space Apps Challenge 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.