Како што кажува и самото име, Kaspersky Free е бесплатна верзија од овој познат антивирус софтвер. Како што и би очекувале, бесплатната верзија доаѓа со помалку функции од платената, меѓутоа од тоа што можевме да видиме, на повеќето корисници и не им се потребни дополнителни платени функции.

Kaspersky Free првпат беше претставен и пуштен во употреба минатата година, меѓутоа истото беше овозможено само за Руско-Укреинско-Белорускиот регион, како што истакнуваат од компанијата.

Почнувајќи од вчера, односно 25 јули, кога е 20тиот роденден на компанијата, бесплатната верзија почнува со својата глобална достапност.

Го користиме зборот почнува поради тоа што истата нема веднаш да биде достапна за сите региони, а истото постепено ќе биде овозможувано до крајот на годината.

Она што сепак е најважно е што во првиот „бран“ на достапност, САД е во листата, што значи дека ќе биде достапна англиската верзија од програмата, а таа е верзијата која нас не интересира (ретко кој од нас ги користи локализираните верзии за Македонија, доколку се достапни).

Kaspersky Free можете да го симнете преку официјалната страна, односно преку притискање на овој линк.

Што се однесува до функциите коишто се достапни, односно кои од платените функции не се достапни во оваа бесплатна верзија, се работи за следните:

  • Родителска контрола
  • Заштита за онлајн плаќања
  • VPN конеција
  • Firewall

За овие функции корисниците доплаќаат околу 50 долари, па кој смета дека му се неопходни, може слободно да си ги плати и користи.

Главната антивирус технологија на компанијата е достапна во бесплатна верзија, што значи дека корисниците добиваат одлична заштита за нивното секојдневно сурфање и слични активности.

Извор: Kaspersky, gHacks

Претходна статијаНајдобриот Британски онлајн уредник на Викенд Медиа Фестивал: Како го надмудрив моќниот Би-Би-Си и достигнав 70 милиони прегледи на социјалните мрежи
Следна статијаОфицијалниот крај на Adobe Flash е одреден за 2020 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.