facebook-win-81-home

Facebook за Windows 8.1 беше првпат претставена со излегувањето на Windows 8.1 минатиот месец. Од тогаш два пати беше надградена, меѓутоа зборот надградена не одговара баш за последната верзија. Неколку корисни функции беа тргнати од апликацијата, без никакво објаснување, па се очекуваше дека ќе бидат вратени во некоја наредна верзија.

Денес од Facebook издадоа надградба која што покрај тоа што ги враќа тргнатите функции, воведува и нови. Во продолжение целосната листа на промени во најновата верзија:

  • Означување (tagging)
  • Подобрени плочки во живо (live tiles)
  • Поставување на профил слика на Windows кога ќе поставите нова профил слика на Facebook
  • Симнување и прикачување на фајлови во пораките
  • Симнување и прикачување на слики во пораките
  • Прикачување на слики во конкретен албум
  • Избирање и поставување на насловна слика (cover photo)
  • Избирање и поставување на профил слика
  • Користење на профил сликата како слика за Windows сметката
  • Закачување на втора плочка која ве носи директно во пораките (се поставува преку мени лентата додека ги прегледувате пораките)
  • Исправка на голем број на багови

Најновата верзија на Facebook за Windows 8.1 можете да ја ажурирате или инсталирате преку продавницата за апликации.

Претходна статијаCastAR виртуелна реалност
Следна статијаBBC News известува, LG призна дека ги надгледува корисниците и ќе го поправат проблемот во иднина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.