Screenshot 2014-02-27 19.05.54

Facebook Messenger for Windows е апликација наменета за chat без потреба од отворање на страната во прелистувач. Со кориснички интерфејс како на нивната веб страна, познат на корисниците, апликацијата овозможуваше достапност во секое време од компјутерот. Оваа апликација беше претставена пред две години, односно во Март 2012. Messenger for Firefox е додаток за овој прелистувач кој што ја вршеше истата работа како апликацијата, меѓутоа од самиот прелистувач. Како и апликацијата, овој додаток беше наменет за корисниците да не мора константно да ја отвораат Facebook страната за да ги проверат своите пораки.

facebook_messenger_shutdown

Од Facebook најавија дека ги исклучува апликацијата за Windows и додатокот за Firefox прелистувачот. Истите веќе не се достапни за симнување, а за постоечките корисници официјално ќе престанат со работа на 3-ти Март оваа година.

Facebook не наведува конкретна причина за оваа одлука, па останува само да се претпоставува. Една од причините е развивањето на мобилни апликации за кои што можеби е и пологично да бидат достапни. Facebook Messenger за Windows Phone е најавена оваа недела и се очекува да биде достапна во наредните недели. Исто така вклучувањето на корисниците на веб страната на Facebook овозможува тие да ги гледаат рекламите кои што се главниот извор на средства за компанијата, постоењето на вакви апликации ја намалува активната публика која што може да биде изложена на реклами.  Друга можност е можеби малиот број на корисници, како кај откажаниот email сервис.

facebook_messenger_for_firefox

Дали некој од вас користи Facebook Messenger for Windows или Firefox и дали нивното откажување претставува „лоша“ вест ?

Извор: TNW

Претходна статијаНеофицијално видео од Internet Explorer 11 на Windows Phone 8.1
Следна статијаOral-B паметна четка за заби претставена на MWC 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.