Backup and Sync е нова десктоп апликација за Windows и Mac од Google Drive која ги спојува порано посебно достапните апликации од овој сервис, како и Google Photos. Логичен потег од страна на Google со кој им овозможува на корисниците едно решение за поврзување на нивните податоци со облакот.

Најавена пред одреден период, Backup and Sync сега е достапна за сите корисници. Преку оваа апликација корисниците може да изберат кои папки од нивниот компјутер, како и другите поврзани уреди со компјутерот, да ги синхронизираат со облакот, односно со Google Drive.

Ова нуди едноставен начин за зачувување на важните податоци во Drive, па што и да се случи со компјутерот, тие ќе бидат на сигурно место.

Се разбира, Google не се единствените кои ја нудат оваа можност, нити тие првпат ја нудат со Drive. Новата апликација само прави унифицирање и поедноставување на нивните досегашни решенија, па корисниците на овој сервис се препорачува да го инсталираат ова ново решение.

Google Drive Backup and Sync можете да го симнете од официјалната страна, односно преку следниот линк.

Претходна статијаМинистерството за финансии ја презема иницијативата за PayPal
Следна статијаНово истражување тврди дека смартфоните не прават „поглупави“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.