Mozilla Thunderbird е еден од најпознатите десктоп имејл клиенти, а посебно кај корисниците на некоја од многуте Linux дистрибуции. Направен на основа на технологиите кои се користат кај Firefox интернет прелистувачот, Thunderbird веќе со години претставува одлична алтернатива на Microsoft Outlook клиентот.

Развојот на Thunderbird беше доведен во прашање кога компанијата која стои зад неговиот развој, односно Mozilla Corp. изјавија дека развојот и иновацијата на Thunderbird веќе не е најдобро трошење на нивните компаниски ресурси.

Програмата не прекина да постои и продолжи да добива нови верзии, меѓутоа со оглед на ставањето во втор план покрај Firefox прелистувачот, не беше сигурно што ќе се случува во иднина. Сепак, Thunderbird е доволно популарен и заслужува активно негово развивање, а не само доволно колку да не престане да постои.

Добри вести доаѓаат за фановите на Thunderbird. Неговата иднина веќе не е доведена во прашање и ќе продолжи да биде развиван, поактивно со вниманието кое треба да го има.

Одговорноста за неговиот развој се сели од Mozilla Corp. во Mozilla Foundation каде што ќе добие ново внимание и продолжување на развојот.

Инаку, Mozilla Foundation е непрофитна организација којашто стои зад Mozilla Corp. Тие во основа се одговорни за развојот на Mozilla проектот со отворен код, на чија основа е изработен и се развива познатиот Mozilla Firefox интернет прелистувач.

Извор: OMGUbuntu

Претходна статијаНа Windows 10 S ќе може да сурфате само преку Microsoft Edge
Следна статијаMicrosoft разви напреден камера систем со вештачка интелигенција, кој ќе ви помогне при работата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.