637px-OpenOffice.org.svg

OpenOffice е еден од најпознатите конкуренти на Microsoft Office, односно барем тоа беше случајот до пред некоја година. Оваа група на програми беше развиена од страна на Sun Microsystems со цел на корисниците да им се понуди бесплатно решение кое дотогаш беше доминирано од страна на Microsoft и нивниот познат Office.

Проблемите започнаа кога Oracle ја купи компанијата Sun Microsystems, по што не се најде заеднички јазик и поддршка за продолжување на проектот по истиот пат. Тогаш, голем дел од тимот ја напушти компанијата и започна сопствен проект наречен LibreOffice.

Ова се разбира беше возможно поради тоа што OpenOffice е со отворен код, па секој може да работи на неговиот развој.

Денес LibreOffice е можеби најпознатиот бесплатен конкурент на Microsoft Office, а тоа посебно важи за корисниците на Linux, каде скоро и да нема некоја дистрибуција која не доаѓа со прединсталирани програмите од овој пакет.

Во меѓувреме контролата над OpenOffice ја презема Apache Software Foundation, но тоа не доведува до подобрување на ситуацијата кај овој еднаш најпопуларен Office пакет.

Финансирањето на проектот е далеку од потребното, а и интересот на програмерите да придонесуваат во развојот е значително намален. Поради тоа, OpenOffice многу поретко добива надградби, а веќе се имаат појавено и сигурносни проблеми во кодот кои тешко дека наскоро ќе бидат средени.

Поради тоа, повторно се размислува за затворање на проектот, нешто што сепак се’ уште не е одлучено, но како што стојат работите, изгледа дека ќе нема друго решение.

LibreOffice е активно развиван и на страна од Microsoft Office е едно од најпознатите решенија. Исто така, со воведувањето на месечна претплата преку Office 365 која вклучува дополнителни поволности, Microsoft повторно има раст на популарноста на нивниот пакет од програми.

Извор: ArsTechnica, PCWorld, MSPowerUser

Претходна статијаГолем отповик на Galaxy Note 7 поради опасност од експлозија на батеријата – секој корисник ќе добие нов уред
Следна статијаAMD ги претстави новите Bristol Ridge десктоп процесорски единици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.