Screen-Shot-2015-02-24-at-17_47_48-750x492

Nuntius, апликација која моментално е во фаза на развивање, ветува дека ќе ги искористи можностите на последната верзија на GNOME Desktop за да ги презентира нотификациите од вашиот Android уред директно во делот за нотификации на вашиот компјутер. Тоа би било одличен додаток за новиот систем за нотификации на GNOME Desktop кој е неодамна редизајниран.

Бидејќи GNOME Desktop е направен со цел да се поедностави употребата на оперативниот систем Linux, Nuntius ќе дојде како одличен додаток за подобрување на поврзаноста помеѓу компјутерот и мобилниот уред.

Луѓето кои стојат зад развојот на апликацијата се надеваат дека ќе биде готова за време на објавувањето на последната верзија на GNOME Desktop, 3.16, која треба да биде достапна за преземање до крајот на месецов.

Засега нотификациите се само визуелни, а нема да има никаква интеракција со нив во првичните верзии на Nuntius. Тоа значи дека моментално нема да може да вратите на електронска порака или слично како што тоа можете да го направите на вашиот телефон.

Апликацијата која треба да биде инсталирана на вашиот Android уред е веќе достапна на Google Play Store. Исто така достапна е и верзијата GNOME која има функција како делот што ги прима информациите испратени од апликацијата на Android.

Програмерите ги имаат поставено кодовите за двете апликации и се достапни јавно за секого, и нив можете да ги најдете на GitHub.

Извори: OMGUbuntu

Претходна статијаPaperspace – Пристап до компјутер сместен во облакот
Следна статијаMobileFirstMK – Прва македонска конференција за мобилни апликации