Не дека ова е многу важна вест, најмногу поради фактот што може слободно да се каже дека веќе е касно. Деновите на Flash Player се одбројани, а повеќето веќе ја користат новата, подобра, побезбедна и побрза HTML5 технологија.

Како и да е, сепак добро е кога ќе се прочита за официјална поддршка на некој од производите или сервисите од големите компании, како Adobe во овој случај, за Linux платформата.

Оваа платформа, претставена со големиот број на различни дистрибуции, иако не држи голем дел од пазарот на оперативни системи, сепак е важен дел за задржување на изборот и конкурентноста. Да не напоменуваме колкава е важноста на Linux кај серверите.

Со овој потег, Adobe ги доведува до иста верзија на Flash Player сите платформи, односно конечно и Linux корисниците ја имаат најновата верзија достапна на Windows и Mac. За тие за коишто Flash се’ уште е важен дел во работата или сурфањето, ова ќе значи добивање на Flash Player верзија со сите најнови безбедносни, но и функционални можности.

Flash Player за Linux е достапен преку официјалната страна на Adobe, односно преку следниот линк.

Оваа одлука на Adobe сигурно нема да го одложи крајот на Flash Player, а најпопуларните интернет прелистувачи веќе ја намалуваат зависноста од овој додаток.

Извор: Adobe, gHacks, Softpedia

Претходна статијаНаредниот iPhone може да дојде со Dual SIM верзија?
Следна статијаHuawei Honor Magic има “Edge” дисплеј, моќни спецификации и „вештачка интелигенција“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.