screenshot_2

Еве една апликација каде виртуелната реалност дефинитивно ќе направи разлика во целото виртуелно доживување. Google објави виртуелна верзија на Google Earth, која ќе им овозможи на оние корисници со очила за гледање виртуелна реалност да се чувствуваат како супермен. И да, можете да „летате“ и над Скопје или било кој друг град во земјава, бидејќи сите се снимени со Google Earth.

Earth VR апликацијата ќе биде бесплатна и ќе може да се симне преку Steam, што значи дека во почеток ќе може да се користи само со помоќните виртуелни очила. Поточно, засега единствени очила кои ќе можат да работат со оваа апликација се HTC Vive, но во иднина се планира да бидат поддржани и многу други уреди за виртуелна реалност.

screenshot_3

Со оваа апликација, корисникот ќе може да „лета“ над многу претходно одбрани локации, како реката Амазон, Менхетн, Големиот Кањон итн. Сепак, управувањето на летачките активности ќе биде со контролерот, што значи дека искуството нема да биде баш како на Супермен, но секако е подобро од ништо.

Исто така, апликацијата ќе бара прилично моќен компјутер за да може да ја користите, односно со иста моќност каков што треба за да се игра виртуелна игра. Ова значи дека ќе треба да имате барем Core i5 процесор и графичка од средната или високата класа, што е една од причините зошто апликацијата сѐ уште не е достапна за Daydream VR на Google, кој се базира на мобилните процесори.

Извор: Fortune, Google, Earth VR

Претходна статијаВреме е за стартап – Пасијата е она што го движи човекот напред
Следна статијаSnapdragon 835 донесува многу подобри перформанси и побрзо QuickCharge 4.0 полнење