„Јас не ја започнав оваа војна.“ Така почнува интернационалниот трејлер за епското трето продолжение од обновениот серијал за Planet of the Apes. Ненадминатиот Andy Serkis (Голум, Господар на Прстените) се враќа во улогата на шимпанзото Цезар, кој со помош на средство кое треба да му помогне на мозокот сам да се поправа станува супер интелигентен и го продолжува востанието на приматите против луѓето.

После „Rise of the Planet of the Apes“ во 2011 и „Dawn of the Planet of the Apes“ во 2014, во третиот дел се очекува конечно да се разреши дилемата: дали Цезар ќе се избори со својата мрачна исконска природа и заедно со другите мајмуни, кои не зависат од модерната технологија, ќе ги надвојуваат луѓето за, како што вели Полковникот (Colonel, кој го игра Woody Harrelson), Земјата повторно да стане „планета на мајмуните“.

Премиерата за „War for the Planet of the Apes“ е закажана за вториот викенд од јули 2017 година, што е истиот период кога неговиот претходник почна да се прикажува пред две години. Поткрепен со 3D технологија, од последното продолжение се очекуваат големи работи, ако се земе предвид исходот на првите два дела, кои што на благајните на кино салите заработија суми 5 пати и повеќе поголеми од нивните буџети. Тоа е голем товар на грбот на продуцентскиот тим, кој се врати од Зората за да ја доврши работата правилно (а не како Tim Burton во 2001, го паметите тој филм?). Фокс сигурно ги тријат дланките.

Проценете и вие каков ќе биде исходот на последното продолжение – погледнете го трејлерот:

Претходна статијаImprobable и Google заедно ќе прават целосен виртуелен свет
Следна статијаЕлон Маск од Tesla и Тревис Каланик од Uber ќе го советуваат Доналд Трамп