На 07.01. BBC ја лансираше премиерата на Taboo, новата историска драма за James Keziah Delaney, авантурист кој се враќа во Лондон после 12 години поминати во Африка. Со 14 парчиња украдени дијаманти во џебот, човекот кој сите мислат дека е мртов доаѓа да го земе она што му следува – мало парче земја на северно американскиот континент и да врзе неколку краеви.

За приказната, која се одвива во 1814 година во Велика Британија, е одговорен самиот Том Харди, заедно со неговиот татко Едвард Харди и Стивен Најт, кој можеби го знаете како авторот на Peaky Blinders. Дејството е непосредно пред крајот на војната помеѓу Британија и САД, a главниот негативец е East India Company, моќната корумпирана корпорација која подеднакво се интересира за наследството на Delaney.

Актерската екипа ја составува богат дијапазон на актери: Уна Чаплин (Talisa Stark, Game of Thrones), Џонатан Прајс (The High Sparrow, Game of Thrones), Франка Потенте (Lola, Run Lola Run), Марк Гатис (Mycroft Holmes, Sherlock) и многу други, сите подеднакво застапени во мрачното секојдневие на Лондон во 19ти век. Многу мртви тела, бескрупулозни понуди за секс и навестување кон инцест ја зачинија првата епизода.

Серијата, која има рејтинг 9.3/10 на imdb, долго се најавуваше со ненаситните коментари на задникот на Харди, фатен од папарацо за време на снимањето. Но тоа не е единственото нешто што го краси британецот! Две епизоди се веќе излезени од вкупно 8 во времетраење од 60 минути.

Претходна статијаAirbus ќе претстави летечки автомобил до 2018
Следна статијаKubo е робот кој ги учи децата да кодираат