The Affair-pickbox

СЕРИИ

Афера/ The Affair

the-afairНа Pickbox од 1.3.

Провокативна драма со три Златни Глобуси за емоционалните последици од вонбрачната врска, раскажана од две различни перспективи, неговата и нејзината, а тие се Ноа и Алисон. Ноа е писател и предава во едно њујоршко училиште, во брак е со Хелен веќе 17 години и дојден е да го помине летото на еден остров, на имотот на семејството на Хелен. Таму ја запознава Алисон, млада келнерка која се бори со секојдневицата, а не ѝ е воопшто полесно ни во бракот со Кол, кој се обидува да го одржи семејниот ранч функционален. Ноа и Алисон започнуваат врска која ќе ги промени животите на сите засегнати… Сите епизоди гледај ги премиерно од 1.3.

Одмазда / Revenge

revengeНа Pickbox од 1.3.

Младата Емили Торн има голема причина за одмазда. Таа силно мрази некои од жителите на снобовското соседство Хемптонс, пребогат крај во близина на Њујорк, каде што доаѓаат сите стари и новопечени богаташи. Додека била мала и се викала Аманда Кларк, нејзините соседи и таканаречени пријатели на нејзиниот татко му имаат подметнато обвиненија за тероризам, тој е осуден и умрел во затвор. Аманда/Емили ги минала годините во разни домови за деца без родители, а сега се враќа во Хемптонс и најважна мета ѝ е Викторија Грејсон, гламурозната “кучка” во која сите гледаат кралица на Хемптонс, а која била главна движечка сила во уништувањето на нејзиниот татко… Првите три сезони гледај ги од 1.3.

Милијарди / Billions

billionsНова епизода на Pickbox секој понеделник во 21 часот

EКСКЛУЗИВА, ПРЕМИЕРА, 24 часа по американската премиера

Добитниците на „Еми“ и на „Златен глобус“, Пол Џијамати и Дамјан Луис играат во одличната нова драмска серија за светот на високите финансии и политичката моќ. Остроумниот и моќен адвокат Чак Роудс и амбициозниот крал на финансискиот пазар Боби Акселрод ќе се најдат на спротивните страни, користејќи ги сите свои адути да се надмудрат еден со друг. Влоговите се големи, наградите се сметаат во милијарди, а со оглед на тоа што поразот ниту на едниот ниту на другиот не му е во крвта, играта ќе биде напната…

Без граници/ Limitless

limitlessНова епизода на Pickbox секоја среда во 21 часот

EКСКЛУЗИВА, ПРЕМИЕРА, 24 часа по американската премиера

Оваа трилер-серија, снимена според истоимениот хит во кината од 2011 година, преполна е со акција и претставува приказна за Брајан Финч, кој открива дека со употребата на таинствениот лек може да користи дури 100 насто од својот мозок, што му дава неверојатни способности, поради што ФБИ одлучува да го користи за решавање на тешки случаи. Брајан е присилен да соработува со агентката Ребека Харис, опасна детективка со мрачно минато, како и со агентот Бојл, поранешен воен службеник, а сите тие ѝ одговараат на вештата манипулаторка Насрин Пуран, викана Наз. Тоа што ФБИ не го знае е дека Брајан исто така има таен договор и со сенаторот Едвард Мор, во чија улога повторно се појавува Бредли Купер. Мор, кој му го должи целиот свој успех на таинствениот лек, има дополнителни планови за својот штитеник Брајан…

ЦСИ: Кибер (CSI: Cyber)

cis-cyberНова епизода од 2. сезона на Pickbox секој понеделник и четврток во 21 часот

ЕКСКЛУЗИВНА ПРЕМИЕРА; 24 ЧАТА ПО АМЕРИКАНСКАТА ПРЕМИЕРА

Како што расте интернетот и како што обичните луѓе поминуваат сѐ повеќе време на интернет, така растат и шансите за измами од секаков вид. Екипата задолжена за кибер-криминал им помага на обичните луѓе кои станале жртви на измами и злосторства на интернет. Агентот Илајџа Мундо и агентката Ејвери Рајан решаваат случаи на злоставување преку интернет, киднапирање на дете, несреќи со воз и многу други сложени случаи со насилство на интернет.

Државна секретарка (Madam Secretary)

madam-secretaryНова епизода на Pickbox секој понеделник во 21 часот

ЕКСКЛУЗИВНА ПРЕМИЕРА; 24 ЧАТА ПО АМЕРИКАНСКАТА ПРЕМИЕРА

Кога американскиот државен секретар загинува под сомнителни околности, оваа важна функција ѝ е понудена на семејната жена Елизабет Мекорд која многу подготвено се впушта во дипломатските перипетии. Во непријателската средина на работа, каде што секој соработник има некоја скриена намера, државната секретарска Мекорд секогаш успева да ја задржи смиреноста и да се држи подалеку од кавги.

Шерлок/ Sherlock

sherlockНа Pickbox од 1.3.

Со Шерлок специјал, на Pickbox се враќаат првите две сезони.

Шерлок Холмс од викторијанскиот Лондон е префрлен на улиците на современата британска метропола, но сѐ уште не може да се снајде во општеството. Луѓето не ги поднесува и многу повеќе сака да користи СМС отколку директен контакт. Воопшто не забележува кога ѝ се допаѓа на некоја жена. Ги презира сите со „мал мозок“, но не е „псохопат, туку е социопат кој многу добро функционира“. „Гугл“ му е голем пријател, а низ Лондон се вози со типичното црно такси. Не се дрогира со опиум, туку со никотински фластери. Вотсон пак е доктор отпуштен од воената служба по ранувањето во Авганистан, страда од синдром на послетрауматски стрес и по враќањето во Лондон му треба стан. Нивните заеднички авантури ги бележи Вотсон, а каде на друго место ако не на „блог“…

Горе на езерото / Top of the Lake

top-of-lakeНа Pickbox од 1.3.

Одлична криминалистичка драма од оскаровката Џејн Кемпион и продуцентот, добитник на „Оскар“, Емил Шерман. Ова е таинствена приказна за тајните на еден мал новозеландски град, со одлична актерска екипа која на серијата ѝ донесе „Златен глобус“. Елизабет Мос ја игра неискусната детективка Робин Грифин која се зафаќа со случајот на бремената 12-годишна девојка која се обидела да се удави во езерото, по што исчезнала…

Твин Пикс/ Twin Peaks

twin-peaksНа Pickbox од 15.3.

Нетипичниот агент на ФБИ, ексцентричниот Дејл Купер, пристигнува во малиот град Твин Пикс за да ја истражи смртта на убавата Лора Палмер, популарната средношколка, кралицата на матурската вечер, чие тело е пронајдено во шумата, завиткано во пластика и оставено до брегот на реката. За да се обиде да дознае што се случило, агентот на ФБИ полека почнува да се запознава со жителите на шумарското гратче кои се, баш како и Купер, сосема нетипични поединци. А набргу почнуваат необични соништа и настани…

ФИЛМОВИ

Кралот лав/ The Lion King

lion-kingНа Pickbox од 4.3.

Ова е една од најпознатите приказни на „Дизни“. Приказната за младиот и немирен Симба, кој одвај чека да стане крал на огромното животинско кралство, кое со бестрашна и мудра шепа го држи неговиот татко Муфаса. Но, предавството на вујкото Скар и ненадејната смрт на Муфаса ќе го натераат младиот лав да избега, по што преку тешко патешествие ќе се открие себеси. Со помошта на дивата свиња Пумба, меркатот Тимон и нивната филозофија за „хакуна матата“, младиот Симба ќе научи што е тоа „круг на животот“ и ќе се обиде да ги поправи работите кои тргнале во погрешна насока…

Кралот лав 2: Гордоста на Симба / The Lion King II: Simba’s Pride

lion-king-2-2На Pickbox од 11.3.

Симба и Нала ја добиваат ќерката Кјара, која станува законски наследник на Прајдленд. Растејќи со помош на несмасните Тимон и Пумба, таа дознава дека нејзиниот татко ги избркал во пустината Аутлендс сите лавови кои му биле верни на неговиот вујко Скар, местото каде што Кјара не смее да оди. Како тврдоглаво и немирно младенче, Кјара одлучува да избега. Во Аутлендс го сретнува Кова, кој е исто толку немирно младенче кое се обидува да го наследи Скар и да го поништи владеењето на Симба. Поради тоа што чувствата на Кјара и Ков сѐ повеќе растат меѓусебно, Симба мора да се соочи со својот страв од минатото и мора да научи да им верува на инстинктите на неговата ќерка, особено кога таа и Кова стануваат единствената надеж за соединување на двата раскарани света.

Кралот лав 1 1/2 / The Lion King 1 1/2 (2004)

lion-king-2На Pickbox од 11.3.

Во новата авантура владее радоста затоа што најголемите херои на саваната се Тимон и неговиот откачен пријател Пумба. „Кралот лав 3“ ве носи на самиот почеток, уште пред да започне приказната на Симба! Во оваа авантура, Тимон и Пумба откриваат од каде се дојдени, кога се запознале и како му помогнале на Симба да го спаси Серенгети. Нивната страна на приказната ќе ви покаже некои големи настани од цртаниот филм, но од една друга перспектива, како што е мигот кога кралот Муфаса му го претставил малиот Симба на животинското царство. Можеме само да кажеме дека нешто волшебно се криело зад тој драматичен миг во кој сите животни му станале наклонети на новиот владетел.

Џејмс и џиновската праска / James and the Giant Peach

giant-peachНа Pickbox од 18.3.

Откако неговите родители ги убива носорог, Џејмс Тотер е присилен да живее со своите сурови тетки. Џејмс сонува да избега во Њујорк, прекрасното место за кое му раскажувале родителите. Еден ден, еден таинствен туѓинец на Џејмс му дава волшебна торба од која расте огромна праска. Тетките мислат дека со праската ќе се збогатат и дека луѓето ќе плаќаат за да ја видат, но Џејмс одлучува да влезе во праската каде што наоѓа еден куп инсекти кои поради магијата станале како луѓе. Џејмс и неговите нови пријатели бегаат од тетките и одат во потрага по подобар живот.

Минус осум / Eight Below

eight-bellowНа Pickbox од 25.3.

Филмот е инспириран од вистинити настани и претставува возбудлива акциона авантура за верноста и пријателството во екстремна антарктичка дивина. Филмот зборува за тричлената научна експедиција составена од Џери Шепард, неговиот најдобар пријател Купер и геологот Дејвис Мекларен, кои се присилени да го напуштат тимот кучиња на Џери кои ги влечат санките поради ненадејната несреќа и опасните временски услови на Антарктикот. Во текот на острата зима, кучињата мораат сами да се борат за опстанок за да преживеат во екстремната антарктичка дивина повеќе од шест месеци, додека тимот не успее да организира спасувачка мисија.

Чичкото на мајмунот / The Monkey’s Uncle

monkey-uncleНа Pickbox од 25.3.

Колеџот „Мидвејл“ стравува дека ќе го изгуби својот фудбалски тим затоа што оценките на играчите се под просекот. Судијата Холмсби е најголемиот навивач на тимот и не знае што да стори за да ја подобри ситуацијата. Тогаш се појавуваат Мерлин Џонс, брилијантен студент, и неговиот внук Стенли, кој всушност е интелигентно шимпанзо. Судијата сака Мерлин да создаде „чесен начин за мамење“. Мерлин ја користи техниката „учи додека спиеш“ за да можат играчите да ги положат испитите. Тимот е спасен, но не за долго… Факултетот се наоѓа во искушение да прифати чек од еден милион долари, но работата е што мораат да се ослободат од тимот. Судијата Холмсби го наоѓа Дариус Грин Трети, кој ќе плати 10 милиони долари ако факултетот успее да смисли како луѓето да летаат, но со сопствената сила, без никаков мотор или сличен погон. Задачата повторно е во рацете на Мерлин…

ПОСЛЕДНА ШАНСА

Ледена принцеза / Ice Princess do 2.3.
Другарите на Дедо Мраз / Santa Buddies do 2.3.
Другарчиња на снег / Snow buddies do 9.3.
Еден волшебен Божиќ / One Magic Christmas do 16.3.
Мапети / The Muppets do 16.3.
Тарзан 2 /Tarzan II do 23.3.
Ужасната невеста / SHERLOCK SPECIAL: “The Abominable Bride” do 30.3.
Вовед во анатомија / Grey’s Anatomy do 31.3.

 

Претходна статијаМултимедијален инкубатор – нов општествено одговорен проект на Seavus
Следна статијаMicrosoft го гаси Project Astoria – Проектот за пренесување на Android апликации на Windows 10