Со толку многу научна-­фантастика и фантазија во кината, човек се запрашува дали суперхерои, самовили и вештерки е се што може да очекуваме од овој жанр. Краткиот одговор е: не. Иако секоја година сме опседнати од ремикси на постари филмови од жанрот (Стар Ворс, иако одличен, многу потсеќаше на првиот дел A New Hope), и редици филмови со суперхерои со безброј продолженија, чии ѕвезди кај и да е ќе бидат заменети со некои помлади колеги (Икс­Мен веќе долго е „освежен“ на овој начин), сепак постојат режисери што работат на НФ која е оригинална и различна од мејнстримот.

Данкан Џонс, режисерот на Воркрафт (и син на Дејвид Боуви) е еден од нив. Знам, Воркрафт е филм со енормен буџет, но неговите претходни филмови беа далеку различни. Неговиот Moon (2009) е еден од моите омилени НФ филмови, а и Source Code не е лош. Од поновите НФ филмови, Ex Machina (2015) е исто така еден од подобрите што сум ги гледал.

Затоа, сакам во оваа листа да вклучам токму такви филмови (и серии), кои најверојатно нема да прераснат во франшиза, нема да прават акциони кукли според главните херои, ниту пак имаат НФ буџет, туку кои произлегуваат од оригинална визија и кои со нетрпение очекувам да ги гледам, а се надевам и вие.

Stranger Things

Не знам точно што се случува во трејлерот, ама изгледа како да мора да се гледа оваа серија. Едно е сигурно, некое момче е исчезнато (киднапирано?) а неговите пријатели и роднини трагаат по него. Но, во приказната дефинитивно се вклучени натприродни елементи, кои ја зачинуваат приказната за да не би се дозволило да западне во класичниот жанр на потера по исчезнато дете. Нетфликс во последно време произведува одлични филмови и серии (Daredevil, Beasts of No Nation), така да верувам дека нема да разочара и овој пат. На 15­ти јули ќе може да ги гледаме сите епизоди.

10 Cloverfield Lane

ОК, малку мамам овде, филмов е излезен веќе два месеци (или така нешто). Го гледав во Синеплекс, и иако претчувуствував дека ќе пресврт на крај (сепак ЏЏ Абрамс е поврзан со филмот), последните сцени ми беа апсолутно неочекувани, и со подзината уста ја следев разврската во тие моменти. Ако не сте го гледале, ете ви препорака за супер филм чиј крај нема да го очекувате. Башка, глумата е фантастична.

Lo And Behold: Reveries of the Connected World

Ова е документарец, но кога документарците се направено профи, се неверојатно возбудливи. Ова изгледа како да е еден од овие примери. Со поврзаноста на интернетот и вештачката интелигенција, доаѓаат и различни гледишта околу тоа како треба да продолжиме со нивниот развој. Вернер Херцог ги истражува потенцијалите и ограничувањата што ги носи технолошкиот развој, разговарајќи со најголемите умови кои работат на оваа тема во моментов (Елон Маск, Себастијан Трун и други). Во кино од 19­ти август.

Morgan

Синот на Ридли Скот (Гладијатор, Прометеј) е режисер на овој воочливо језив филм. Не знаеме точно што се случува, но ако судиме според трејлерот, може да биде прилично интересен. Целиот mood на филмот ме потсеќа на видео­играта F.E.A.R. која ме вадела од памет на повеќе наврати. Може да го гледате од 2­ри септември.

Zero Days

Уште еден документарец, овој пат од Alex Gibney, режисерот на Ghost in the Machine, извонредниот документарец за Стив Џобс. Овој, за разлика од документарецот погоре, се фокусира на сајбер­војните кои се појавуваат во последниве години, и кон што може да доведе ваквиот развој на настани. Излегува на 18­ти јули.

Претходна статијаGoogle објави видеа кои покажуваат како функционира проширената реалност со Tango
Следна статијаMicrosoft ја купува LinkedIn за 26,2 милијарди долари