Финалето на сезоната ќе шокира со голем настан

Малку серии има кои во денешно време туркаат до бројот на сезони до кој дотурка криминалистичката драма „Моќ“ (Power). Сите достапни сезони од почетокот на прикажувањето, гледачите можеа да ги гледаат на Pickbox, а извршниот продуцент на серијата 50 Сент неодамна изјави дека верува оти серијата ќе доживее вкупно 7 сезони. Што значи, уште многу заплети и настани во светот на криминалното нарко-милје во кое никој никому не може да му верува, а секој секому му забива нож во грб.

Ако сте во чекор со новите епизоди, ќе знаете дека на 4.9. ве очекува финалето на 4-тата сезона, во која ќе дознаеме што ќе му се случи на Дух и на неговото семејство. Но доколку треба да се суди според спојлерите што ги прочитавме, во светот на њујоршката нарко-сцена ќе дојде до голем пресврт, а семејството Сент Патрик ќе биде особено погодено поради неволите што ќе им се случат.

Доколку сѐ уште не сте ја гледале серијата, накратко можеме да кажеме дека „Моќ“ е криминалистичка драма што се одвива во два спротивставени света: гламурозната њујоршка клупска сцена и бруталната трговија со дрога во која се вклучени и убиства од одмазда. Серијата ја следат милиони луѓе низ целиот свет.

Зошто „Моќ“ ни е толку примамлива

Кога би застанале и би се замислиле за животот на Дух (ОмариХардвик), веројатно веднаш ќе ни текне дека поголемиот број од неговите неволји потекнуваат од простиот факт што одлучил да живее двоен живот. Однадвор, Дух е стокмен и маркантен фраер кој поседува елитен ноќен клуб во Њујорк, има прекрасна куќа и семејство. Тоа што го крие е дека се занимава со продажба на дрога и дека на тој бизнис му должи сѐ што има. Дух би сакал да живее чесен живот, но…

Во чест на Дух, ликот кој и покрај тоа го сакаме, ќе се присетиме само на некои од измислените ТВ-ликови што живееле таков живот. На пример Волтер Вајт, откачениот професор по хемија кој се впушти во производство на дрога и уби сигурно повеќе луѓе од Дух, па Декстер Морган, форензичарот кој тајно е и сериски убиец што ги лови другите убијци кои ѝ избегале на лицето на правдата, како и Бафи Самерс, средношколката која во својот таен живот се бори со вампири, демони и со останатите сили на темнината. Земајќи ги предвид овие наведени ликови, Дух сепак не котира толку лошо на листата. 

Настаните од четвртата сезона

Четвртата сезона на „Моќ“ е специфична поради заплетот, затоа што почнува многу директно. Го гледаме медиумски проследеното апсење на Дух поради убиството на агентот на ФБИ Грег Нокс, со што целосно се разнишува приватното и деловното царство на Дух. Дух не го извршил злосторството, но има матно минато и затоа не може да се докаже невиноста пред полицијата, медиумите, но ни пред самиот себеси како личност што сака да се извлече од светот што го носи префиксот „нелегално“. Не помага премногу ни тоа што Дух ја изгубил довербата кај блиските луѓе како Томи, Анџела, но и сопругата Таша.

Како што наведе авторката Кортни А. Кемп, тема на четвртата сезона е искупувањето. Сите ликови веќе направија толку лоши работи што за нив нема враќање на старо, но тие се каат и сакаат промена.

До финалето на „Моќ“ со 50 насто попуст

Ако сте вистински обожавател на серии, веројатно ќе ве воодушеви веста дека Пикбокс преку летото на сите луѓе со добра волја им подготви попуст на изненадување за сите свои пакети, и тоа од 50 насто. Ако сакате серии, филмови или анимирани филмови, сѐ што треба е да ја посетите http://www.pickbox.mk/intro-promo/ и да одберете пакет што најмногу ви одговара. Акцијата трае до 15.9. и ви носи еден прекрасен свет на преведени серии, без прекини за реклами. Ако сте тргнале во град да се напиете кафе со пријателката, размислете дали повеќе би сакале за тој износ да гледате серии еден месец со оглед на тоа дека почетната цена на пакетот на Пикбокс е само 149,50 ден.

Претходна статијаПротекоа спецификации за Snapdragon 670, ќе биде моќен чип од средно-високата класа
Следна статијаИспорака на Domino’s со самоуправуван Ford Fusion Hybrid