Иако е стар повеќе од 60 години, Годзила сеуште владее.

После 30 филмови во претежно јапонска продукција, два анимирани од американска продукција, како и најавените продолженија за 2019 и долго очекуваниот дуел со Кинг Конг најавен за 2020 година (тука не смееме, а да не го споменеме и ланскиот Shin Gojira, првично именуван Godzilla: Resurgence, во традиционален Godzilla стил), фановите на кралот на чудовиштата можат да се порадуваат и на аниме верзија!

За сега нема детали за филмот, не се знае дури ни официјалниот наслов. Официјалната страна на филмот е пуштена од пред неколку месеци, но е исклучиво на јапонски јазик и тоа што може да го преведе чичко Гугл, не издава никаква дополнителна информација. Продукцијата е на Toho Company, Limited, истата екипа која беше одговорна за останатите филмови.

Сé што ви останува е детално да го проучите концептот за филмот, од кој можеме да заклучиме дека најверојатно ќе се одвива околу група научници кои најверојатно ќе се најдат на неистражена територија каде што најверојатно се крие црвениот џин. На прв поглед, сликата нема апсолутно ништо поврзано со Godzilla на него, иако овој YouТube дечко смета дека сепак крие нешто! Кликнете на линкот и пишете во коментарите дали се согласувате со него или не. Да се надеваме дека наскоро ќе дознаеме повеќе.

Претходна статијаЕлектричните возови во Холандија целосно напојувани од ветерници
Следна статијаSamsung и LG ќе лансираат смартфони со свитлив дисплеј во втората половина на 2017