Инспирирани од успехот на Hunger Games и на нив сличните дела наменети за млади, продуцентската куќа Lionsgate се обиде максимално да го измолзи серијалот Divergent, со тоа што последната книга Allegiant ја разводнија во два филма. Но исто така слично на Hunger Games, филмската адаптација на првиот од двата дела беше разочарување и за критичарите и за кино салите, па продуцентите се одлучија последниот чин, кој треба да се вика Ascendant, да го пренесат директно на малите екрани наместо на големото платно.

Тука на многумина им беше јасно дека младите ѕвезди како Shailene Woodley, која оттогаш ја имаше во успешни проекти како The Fault in Our Stars и наскоро во мини серијалот Big Little Lies на HBO, и Miles Teller, кој глумеше во Whiplash, нема да се нафатат на овој микро-буџетски зафат врз франшиза која заоѓа. Дури и Theo James, кој нема особено големи проекти (ако не го сметаме ангажманот како новото заштитно лице за Boss the Scent и евентуално Underword: Awakening и Underworld:Blood Wars), дал изјава дека мали се шансите било кој од главната постава да се врати во својата улога.

Со оглед на тоа дека Woodley беше лицето на франшизата до сега, би било навистина некоректно кон фановите да треба да гледаат друга актерка во улога на Tris, додека остатокот од споредните ликови се истите фаци. Во игра е и ангажирање на целосно нова актерска екипа, што сигурно ќе значи и нова динамика која ќе одговара на новиот формат. Ако додадете на тоа дека Lionsgate планираат и друга серија во истиот универзум, можно е ваквиот план да им даде празен лист за работа, па новата актерска екипа да може комплетно да се посвети на ликовите, кои веќе беа епски прикажани во кино салите. Иако првично беше најавена премиера за март годинава, на официјалната страна на порталот IMDb датумот е 9 јуни 2017 година, а на некои места дури се спомнува и датум во август. Останува да видиме.

Кое е вашето мислење? Дали да се почне одново со нова екипа, или едноставно да се остави пламенот наречен Divergent сам да згасне? Секако е многу тешко „да се вратиш на лепче, откако си пробал погача“. :)

Претходна статијаGmail наскоро нема да ги има сите функционалности на Windows XP и Vista
Следна статијаЗошто страдаат пешаците во Република Македонија?