Поминаа скоро 5 години откако излезе Prometheus во кината и на луѓе сé уште не им е јасно за што стануваше збор во филмот. Филмот го постави прашањето за потеклото на луѓето, но одговори не даде. За таа цел Ридли Скот донесува продолжение на долго очекуваниот пролог за зачетоците на ксеноморфите.

Alien: Covenant  се одвива после експедицијата од Prometheus, каде екипажот на колонизацискиот брод Covenant откриваат дека светот кој сметале дека е неоткриен рај, всушност е мрачно место, населено од единствениот преживеан од експедицијата и мноштво монструми кои ќе ги натераат да се борат за опстанок.

alien-covenant-poster

Иако Скот првично негираше дека ксеноморфите ќе се вратат во Prometheus 2, официјалнот постер го краси баш една факва лигава фаца, под една многу едноставна порака.

Новиот трејлер излезе околу Божиќ, на време да ни ја заледи крвта во вените. Премиерата е закажана за 19ти мај.

Претходна статијаMicrosoft најави платформа за конектирани возила
Следна статијаПолнење на електричните автобуси за само неколку минути