Разликата помеѓу „зелените“ и обичните згради се состои во подоброто природно осветлување, вентилацијата и контрола на температурата. Сето ова придонесува за зголемена продуктивност кај вработените. Покрај тоа што влијае врз луѓето во текот на работното време, влијание се чувствува и потоа. Едно истражување покажа дека работењето во канцеларии од овој вид го подобрува спиењето кај вработените. Сето ова доведува до зголемување на изградба на „зелени“ згради во светот.

Истражувањето кое било спроведено во пет различни града во САД, каде што биле опфатени вработени во „зелени“ и во  обични згради, покажало 25% подобри резултати во корист на „зелените“ вработени. Што се однесува до ефектите надвор од работното место, пресметано е 6% подолг сон кај овие вработени. Според екпертите, не е ништо ново и необично зградите и канцелариите да имаат влијание врз работниците, особено после осумчасовно присуство во нив на дневна база.

Вентилацијата е клучна за намалено присуство на јаглерод диоксид. Ги намалува испарливите органски честички кои најчесто доаѓаат од мебелот и подот. Осветлувањето вклучува многу повеќе дневна светлина отколку кај обичните канцеларии, што позитивно влијае врз расположението кај вработените. Контролата на температурата е исто така еден од најважните фактори вработените да не го добијат синдромот кој создава проблеми со главоболки и иритација на очите.

Сепак и покрај сите овие подобрувања кои се содржани во зелените згради, психолошкиот момент е исто така од големо значење. Психолошкото влијание ги објаснува сите останати подобрувања кои не можат да се објаснат преку иновациите кои се инсталирани во овој вид на објекти.

Извор: TheGuardian, Fastcoexist

Претходна статијаGalaxy S8+ ќе биде името на поголемиот знаменосец на Samsung
Следна статијаWindows Neon дизајнот ќе донесе и освежен таскбар со еднобојни икони