Western Balkan Startups – приказна за паметење

Напишано на 25.11.2016 - 13:12 од Емилија Ѓорѓевска

5

Не можам да опишам колку бев среќна кога добив e-mail во кој претставници на British Council ме информираа дека сум избрана да учествувам на тренинг за млади претприемници во Скопје – Македонија. Нивниот проект, попознат како иницијатива на WesternBalkanStartups беше поддржан од една од најдобрите иновативни агенции Nesta, како и од  Foreign & Commonwealth Office. За мене, многу охрабрувачки бидејќи штотуку започнав да учам за “business” светот,  startups, pitch  и сè поврзано со нив. Бев помеѓу најмладите учесници во проектот.

Беа вклучени 5 држави, така да бевме измешани – учесниците од Македонија, Србија, Босна, Косово и Црна Гора добивме ист тренинг, во исто време, во иста просторија (btw, прекрасна организација). Имавме чест да работиме со Philly Grace Page, сертифициран Nesta –тренер и сопственик на Creative Women International. Ни беше ментор 5 дена – вчудувачки колку многу научивме од неа (исто така, многу корисен беше и Creative Enterprise Toolkit).

Оваа работилница помина навистина одлично. Се смеев од срце кога таа ни даде задача да создадеме бизнис план за мртовечница, така што можете да замислите колку многу имаше иновативни и “луди” решенија; овие луѓе се навистина “креативно луди”. Учевме како се прикажува една сторија и “blueprint” – техника, ја возевме до аеродром пијани и дрогирани, еуфорично пеејќи ги песните на Синан Сакиќ (се разбира, ова се стории, специјално создадени за неа).

Помеѓу забавните делови, морам да признаам дека во тек на тренингот излегоа на виделина некои мои слаби страни, но исто така научив како да ги подобрам. Учев од искуствата на другите, но учев и за себеси, за мојата страст и моите цели. Интересно.

3

Вон личната конфорт зона се простира натпреварувачки дух, што сепак не го промени фактот дека сретнав прекрасни луѓе со кои се надевам дека ќе продолжиме да комуницираме. Тука се некои мои сознанија – Introducing Our Creative Enterprise Training

Благодарност до British Council за дадената можност, навистина ја ценам. Продолжете со добрата работа!

P.S. За да се заокружи приказната, повторно добив e-mail за да го оценам тренингот – независната агенција бараше повратен одговор по втор пат. Дадов највисоки оценки.

Повторно.

На здравје!

4

#BritishCouncil #WesternBalkanStartups #Nesta #YoungEntrepreneurs

 

За Авторот

Програмер, артист, истражувач, Girls in Tech амбасадор. Се интересира за наука, но и за уметност и култура. Веб апликации, иновација, гејмификација, социјално претприемништво и едукација се нејзина пасија. Се опишува како креативна личност и сака да ги инспирира останатите. Сака да учи нови нешта, да се дружи и да ги направи луѓето околу себе среќни. Има визија да креира нешто вредно и корисно за општеството.