hololens-1330225_640

Под поимот “Виртуелна Реалност” подразбираме некое дигитално опкружување во кое е предвидено да се чувствуваме како навистина да постои тоа опкружување. Поимот најчесто се користи во дигиталната технологија.

Сите ние имаме учено во училиште дека постојат пет сетила: вкус, допир, мирис, вид и слух. Иако, горенаведените сетила се очигледни, сепак вистината е дека кај луѓето се имаат развиено и други сетила, како на пример сетило за рамнотежа.

Значи, очигледните сетила во комбинација со оние кои што се развиле кај луѓето и на кои им немаме многу обрнато внимание, ни ја даваат реалноста и ни даваат слика за опкружувањето во кое се наоѓаме секојдневно.

Пример за виртуелна реалност е Холодекот од Star Trek. Или пак најдобар пример за тоа како функционира виртуелната реалност е филмот Matrix. Луѓето го поминуваат секојдневието мислејќи дека се околу нив е реалност, а сепак сето тоа е една голема “илузија” на креаторот на тој виртуелен свет.

Можностите за користење на виртуелната реалност се скоро неограничени. Предностите се големи. На пример, наместо автомобилите да се тестираат со луѓе кои ги управуваат, тестовите може да се прават со симулатор на виртуелна реалност, со кој возачот виртуелно ќе управува возило со истите карактеристики како вистинското возило и на таков начин да не се загрозуваат човечки животи. Исто така, виртуелната реалност може да се користи од страна на авто школите за учење на новите возачи. Безбедноста на патиштата драстично се зголемува.

Пилотите учат да ги летаат авионите во кабина во која е имплементирана виртуелната реалност. Сите сетила се активирани, кабината се мрда, пилотите гледаат на екран вештачко опкружување, а сепак тие се на копно безбедни.

Докторите можат да изведуваат операции и да вежбаат без да стават човечки живот во ризик или пак да лечат одредена фобија кај пациентите со што би ги ставиле во контролирана ситуација каде што истите би се соочиле со своите стравови.

Љубителите на гејмингот некако се највозбудени поради виртуелната реалност. Тие може да ја играат својата омилена игра и да се чувствуваат како да се главниот лик од играта. Како што се движат во реалноста, така нивниот лик се движи во виртуелната реалност.

Исто така, обожавателите на филмовите, може да уживаат гледајќи го филмот со сите сетила активирани. Кината низ светот веќе се обидуваат да ја имплементираат оваа технологија.

Архитектите може да го испробаат инженерскиот план пред да го стават во вистинска функција. Во виртуелната реалност можат да испробуваат земјотреси, цунами и други природни непогоди.

Виртуелната реалност е сеуште релативно нова технологија. Обично лошата графика може да ги збуни тие што ја користат виртуелната реалност и да предизвика мачнина и вртоглавица. Во некои случаи, оние кои премногу биле изложени на виртуелна реалност имаат проблем да разликуваат помеѓу виртуелна и вистинска реалност.

Исто така, имплементацијата е сеуште скапа. Во креирањето на апликациите треба да се вложи многу труд и време.

И за крај, треба да внимаваме да не завршиме и ние во некоја постојана виртуелна реалност како во Matrix, бидејќи во моментов за многумина некоја виртуелна реалност е многу поубава од реалноста во која живеат.

Претходна статијаHuawei одбил да ги изработува Pixel смартфоните на Google
Следна статијаВнимание селфи зависници – Vivo V5 има телефон со предна камера од 20 мегапиксели