Се почесто „испливуваат“ информации во врска со електронски уред кој се самозапалил и го повредил својот сопственик. Сличен е и примерот на патничката на прекуокеанскиот лет од Пекинг до Мелбурн.

Имено, патничката заспала со своите слушалки на ушите слушајќи ја својата омилена плејлиста, се до моментот кога, веројатно поради прегревање на батериите, слушалките не се запалиле повредувајќи ја и нанесувајќи и изгореници во пределот на лицето.

Според официјалната верзија на настанот, прегреаните батерии кои ги користат слушаликите се главната причина поради која дошло до инцидентот, меѓутоа, австралиското биро за безбедност при транспорт, не сакаше да ги обелодени ниту авиокомпанијата во чиј авион дошло до инцидентот, ниту брендот на слушалките.

Извештајот ја опишува ситуацијата како крајно драматична, наведувајќи дека „гласна експлозија“ претходела на пожарот кој ги зафатил слушалките. Огнот бил бргу изгасен, но можеле да се забележат батериите кои биле растопени од топлината.

Литиум-јонските батерии кои се стандардни за ваквиот вид на електронски уреди, се склони на таканаречената термална нестабилност. Се работи за зголемување на температурата на самата батерија, независно дали причината е грешка во самата батерија или се работи за надворешно влијание. Ваквото прегревање може да доведе до ситуација електролитите да реагираат со хемикалиите кои се составен дел од батеријата. Резултат на реакцијата е гас, кој дополнително ја зголемува темепературата, што евентуално може да предизвика експлозија.

Како што е познато, Samsung беа приморани да повлечат цели серии од нивниот најнов производ Galaxy Note 7, поради истите причини. На интернетот особено се популарни видеата во кои се прикажани „жртви“ на своите електронски уреди, а доминираат самозапаливите хавербордови и електронски цигари.

Извор: The Verge

Претходна статијаTesla ќе престане да го продава нивниот најевтин модел
Следна статијаNvidia и Bosch работат на суперкомпјутер за автономни возила