Последните истражувања велат дека смартфоните се главните носители на интернет сообраќајот во САД. Според истражувањето на Adobe Analytics смартфоните имаат најголем удел во интернет сообраќајот и го движат растот на ова поле, додека бројот на корисниците кои пристапуваат на интернет преку таблет или компјутер се намалува.

Сметано од јануари 2015-та година, забележен е раст од дури 68% на користење на интернет сообраќај преку мобилен телефон, за разлика од таблетите и компјутерите кои бележат константен пад. Понатаму, резултатите велат дека при посетувањето на веб-сајтови, корисниците за истите дознаваат преку Google (61%) и Facebook (16%), додека останатите извори имаат удел од 23% вкупно.

Што се однесува до „жанрот“, корисниците во САД највеќе ги посетувале сајтовите кои нудат вести, ваквата ситуација може да им се препише на претседателските избори кои се одржаа лани во САД и беа причина за вистинска интернет војна и скандали со лажни вести.

Ваквите истражувања примарно имаат за цел да го утврдат теренот за понатамошно сервирање на маркетинг кампањи и генерално рекламирање, бидејќи нудат информации за поефикасно алоцирање на трошоците во маркетингот.

Извори: Recode, Inc

Претходна статијаiPhone 8 и iPhone 8 Plus се само делумни надградби на 7-ките
Следна статијаBMW iVision директно се заканува на Tesla Model S