организирана од iPROCEEDS
Заеднички проект на Европска Унија и Советот на Европа

Скопје, Мериот хотел, Конференциска сала АБ
Скопје|25 – 28 Септември 2017

Истражувачи за сајбер криминал, специјалисти за дигитална форензика, финансиски инспектори, обвинители, Единици за финансиско разузнавање, Дирекција за заштита на лични податоци (ДЗЛП) како и претставници од приватниот сектор – ISP (интернет провајдери), од Република Македонија ќе учествуваат на Вежба за координација и партнерство за борба против сајбер криминал, во Скопје.

Активноста е организирана од страна на Канцеларијата за програмата против Сајбер криминал на Советот на Европа, преку заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа – iPROCEEDS, од 25 до 28 Септември 2017, во Мериот хотел.

Мултинационален тим на експерти од Ирска и Обединетото Кралство ќе ја координираат вежбата.

Вежбата има намера да ги истражи и да воспостави поблиски врски помеѓу професионалните заедници и истражувачите на сајбер криминал, лицата одговорни за сајбер безбедност, финансиски истражувачи/разузнавачи и приватниот сектор.

Во исто време, вежбата цели кон адресирање на проблемите на координација и кооперација на најпрактичен начин кој ќе побара од учесниците да откриваат напади, да применат дигитална форензика, да посочат и да се справат со сомнителни финансиски трансакции и перење на пари и да ги повлечат податоците преку каналите за меѓународна соработка.

Оваа активност е репликација на Координацијата за Сајбер криминал и Вежбата за партнерство организирана на национално ниво во Тбилиси, Грузија, 24 – 28 Април 2017. Таа се состоеше од 13 држави од Источниот партнерски регион, Југоисточна Европа и Турција и беа вклучени повеќе од 80 обвинители, истражувачи на сајбер криминал, финансиски истражувачи/разузнавачи и експерти за сајбер безбедност од Азербејџан, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Република Македонија, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Турција.

iPROCEEDS: Заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа за таргетирање на криминални активности на интернет во Југоисточна Европа и Турција под Инструментот за претпристапна помош (IPA) ги покрива Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Србија, Турција, Црна Гора и Косово. Проектот трае 42 месеци и има буџет од 5.56 милиони евра.

За повеќе детали може да се посети официјалната веб страна на проектот iPROCEEDS или да се контактира:

Контакт во Совет на Европа:

Лилиана ТРОФИМ

Проект офицер

Email: liliana.trofim@coe.int

Претходна статијаОдржан Инфо ден во Кавадарци
Следна статијаStratolaunch чекор поблиску до освојување на небото