Новиот концепт на германскиот гигант од автомобилската индустрија Фолксваген (Volkswagen) ја воодушеви автомобилската јавност, меѓутоа остави простор за сомнеж во практичноста на дизајнот и воопшто функционалноста на моделот. Концептот именуван како ID Buzz, се очекува да се појави во 2022 и да претставува пионир во класата микро-автобус со електричен погон.

Кога коцептот за прв пат беше претставен како идеја, стручната јавност го делеше скептичното мислење својствено за концепт-возилата, односно сомнеж во практичноста на моделот кој се крие позади фасцинацијата која ја предизвикува дизајнот. Најчесто до сега, ваквите модели заминувале во историја по првото претставување на некој од авто-саемите.

За што всушност се работи?
ID Buzz е модел инспириран од еден од легендарните модели на Фолксваген кој доминираше со својот изглед, практичност и квалитет почнувајќи од 60тите години од минатиот век. Новата модификација би вклучувала полу-асистиран систем за управување, како и погон на сите 4 тркала, овозможен од 2 електро-мотора со силина од 369 кс. Капацитетот на возилото би бил 8 патници и би можело да покрие дистанца од околу 435 километри.

Фолксваген, својот нов модел примарно ќе го намени за купувачите од Кина, Европа и Северна Америка. Истиот се очекува да понуди значително поголем комфорт бидејќи електро-моторите ослободуваат добар дел од просторот кој примарно бил наменет за „огромниот“ традиционален мотор. Моделот на микро-авотобус се очекува да дојде во „пакет“ со уште неколку ID возила кои компанијата планира да ги претстави почнувајќи од 2020-та.

Извор: Volkswagen, Engadget, Autoblog

Претходна статијаSamsung „несакајќи“ го објави Galaxy Note 8 на својот веб сајт
Следна статијаEssential Phone ќе почне да се испорачува на купувачите