Индија е една од најбрзо растечките земји во светот кога станува збор за индустријата и економијата. Од друга страна, исто така е една од најсмртоносните кога станува збор за загадениот воздух. Околу 1.1 милиони луѓе ги губат своите животи поради лошиот квалитет на воздухот. Овој проблем се појавува во речиси сите земји во светот, со вкупно 4,2 милиони загубени животи во 2015 година, или 7,6% од вкупната смртност во светот. Проблемот кај овие држави, а особено кај Индија, е зголемената популација, зголемениот број на моторни возила, забрзаната индустријализација, како и користењето на јагленот и дрвото како извор на енергија.

Сепак оваа држава е една од ретките која може да ги исполни зацртаните цели од самитот во Париз пред предвидениот рок. Планот на Индија е до 2027 година 60% од електричната енергија да ја добива од обновлви извори. Употребата на јаглен за добивање на електрична енергија целосно планира да се укине до 2050 година. Моментално во земјата околу 240 милиони жители немаат пристап до стабилна мрежа на електрична енергија.

Кога станува збор за најнаселените земји, покрај Индија и Кина се соочува со слични проблеми. Но во Кина се вложуваат сериозни средства во борба со загадениот воздух и климатските промени воопшто. Внимание привлекува огромната инвестиција од цели 360 милијарди долари во обновлива енергија до 2020 година. Покрај ова во Кина има строги ограничувања во сообраќајот, употребата на јаглен, итн. Властите во Кина ги откажаа плановите за отворање на 103 нови електрани на јаглен, иако оваа земја е на некој начин зависна од употребата на јагленот поради големата побарувачка на електрична енергија.

Да не заборавиме да напоменеме дека нашата земја секако е голема конкуренција на најзагадените во светот, но тоа сите го знаеме.

Извор: ThinkProgress

Претходна статијаНаучници од Харвард развија „течна батерија“ која има исклучително долг век на траење
Следна статијаЕлон Маск: треба да станеме киборзи за да преживееме